Published: Thursday, December 4, 2025 10:19
Транспарент со ликовите на загинатите деца во Кочани пред судница. Роднините револтирани што никој не призна вина.
Голем транспарент со ликовите на загинатите млади луѓе во кочанската трагедија со натпис „63 сенки ќе ве следат, секој поглед бара правда“, ги пречека обвинетите кои со полициски возила се носеа во судницата во Идризово каде треба да се одржи четвртото рочиште од судењето со воведни говори на обвинетите и нивните бранители.
Фото: Слободен печат.мк




