Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИФИМЕС анализа: Кому му пречи успешен референдум во Македонија

0
By Нова ТВ on September 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тешко е да се објасни фактот дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ јавно се залага за членство во ЕУ и во НАТО, но во клучни моменти на македонската модерна историја не сака јасно да ја поддржи евро-атланската заложба на претстојниот референдум.  Ова го покренува сомневањето дека во формирањето на таква позиција стои странски фактор, првенствено, Србија и Русија, пишува во анализата на меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС, пренесува 1тв.

За кого и во чиј интерес работи македонскиот претседател Иванов?

Се поставува прашањето за кого работи претседателот на Македонија Иванов и што го чека по завршување на мандатот? Според информациите кои се појавуваат во јавноста, откако ќе му заврши мандатот, во април 2019 година,  Иванов ќе ја напушти Македонија и ќе отиде во егзил во автократска земја, но пред тоа ќе мора да се соочи  со Македонските судски органи за неуставни дејства.

Јасно е дека има интереси на одредени земји, пред се Србија и Русија, да се спречи успешен референдум,  но прашањето е за кого и во интерес чиј интерес работи претседателот Иванов?

Србија и Русија не сакаат да ја видат Македонија како полноправна членка на НАТО,а сакаат и да се спречи канонско признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква, се наведува во анализата на меѓународниот институт во Љубљана.

Кому му смета успешен референдум во Македонија?

Македонија се соочува со најважната одлука во својата модерна историја. Изложена на силен притисок на надворешни фактори заедно со колаборација на дел од домашните сили кои по секоја цена сакаат да го спречат патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ и во НАТО, се истакнува во анализата, при што се посочуваат две опции за земјата- доколку се определи за евроатлантскиот пат, и што ја очекува доколку ја отфрли оваа опција.

Затоа, референдумската кампања изобилува со бројни лажни информации и искривена интерпретација на Финалниот договор меѓу Македонија и Грција.

Успешниот референдум во Македонија ја менува геополитичката слика не само во Македонија, туку и во регионот.

Во ситуација кога српскиот претседател Александар Вучиќ (СНС) пред референдумот во Македонија ја започна приказната за прекројување на границите, важноста на референдумот е уште поголема, бидејќи членството во НАТО го гарантира територијалниот интегритет на државата.

Само на Русија и Србија не им одговара влезот на Македонија во евро-атлантска интеграција со помош на соседните земји членки на ЕУ и НАТО и сакаат референдумот да пропадне, за да тргнат кон поделба на Македонија со поддршка на големодржавнички, националистички и сепаратистички кругови од соседните земји.

Постојат само две опции за Македонија: Патот во друштво на западните цивилизирани држави или да биде дел од големoруска  конспирација со крајната цел за поделба и уништување на Македонија.

Веќе има напади со хакирање

Веќе се случуваат хакерски напади врз Македонија, кои ќе се интензивираат со денот кога ќе се приближи до референдумот. Хакерските напади се насочени кон државни институции, Државната изборна комисија, додека на социјалните мрежи преку поставување на лажни информации, односно дезинформации и пропаганда, се обидуваат да влијаат на референдумот на граѓаните на Македонија со цел да ја променат волјата на граѓаните и да го спречат успехот на референдумот. На територијата на Македонија, особено кај етничките Македонци, се распоредува мрежа на агенти, кои со дејствување и регрутирање на поединци се обидуваат да ги одвратат граѓаните да одат на референдум или да гласаат против, анализира ИФИМЕС.

анализа ИФИМЕС референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.