Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Игор Ивановски на голема врата се враќа во политиката

0
By Mirjana on December 26, 2021 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на утрешниот Централен одбор на Социјалдемократите на кој треба да бидат промовирани нови тела како Советот за креирање и имплементација на политики, медиумите и денеска лиферуваат информации за тоа  со кои луѓе ќе се опкружи новиот партиски претседател Димитар Ковачевски .

Едно од тие имиња кои од поодамна кружи во јавноста за нова функција во партијата е поранешниот пратеник Игор Ивановски-Шема. За него Телма Тв, напиша дека е поранешен висок партиски функционер, универзитетски професор на скопскиот Економски факултет, со неколку мандати како пратеник,  дека бил дел од претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски и дека е од скопското крило на партијата.

Игор Ивановски беше еден од „најгласните“ пратеници на СДСМ, како дел од пратеничката група тој беше исфрлен од Собраниската сала на 24.12.2012, настан познат како црн понеделник кога пратениците на тогашната опозиција беа исфрлени од салата во рамки на дебата за буџетот 2013 година.

Околу екипирањето на новото партиско раководство, за потпретседатели  се споменуваат Петар Костадинов градоначалник на Валандово, пратеничката од Битола, Бисера Костадиновска Стојчевска, која при гласањето за кризните корона мерки дојде да гласа во скафандер поради болест од Ковид 19, еден потпретседател треба да даде скопското крило…

Миле Зечевиќ се очекува да биде нов генерален секретар на СДСМ, на местото на досегашниот Љупчо Николовски.

Како што е веќе познато, досега најава дека нема да се дел од новата влада има од министерот за здравство Венко Филипче и од министерката за образование Мила Царовска. Оливер Спасовки , министерот за внатрешни работи , деновиве изјави дека откако ќе проанализира се ќе излезе со своја изјава. Нешто слично одговори и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, на чие место, во јавните комбинаторики се калкулира со името на Петре Шилегов во новата Влада.

Нештата се очекува да бидат појасни претстојните денови, кога претседателот на државата треба да му го предаде мандатот на новиот мандатар за состав на владата а  најизвесен во таа позиција  е новоизбраниот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски. За негов партиски заменик, досега единствено се лиферува со името на Сања Лукаревска, актуелната директорка на УЈП.

(М.Т.)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

2021 27.12 СДСМ Централен одбор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.