Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

309 граѓани по вторпат се заразиле со ковид-19, мал раст на бројот на новозаболени

0
By НОВА ТВ Balaban on March 22, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пријавени се 15 смртни случаи во 9 градови во текот на изминатата недела, што е за 55,9 отсто помалку во однос на претходната 

Регистрирани се 1.834 нови позитивни случаи од 32 градови во државата, со зголемување од 0,9 отсто во однос на минатата недела (n=1.818). Процентот на позитивност се движи од 6,6 отсто до 14,2 отсто, просечно 11,4 отсто, се вели во најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје.

Oд 14 до 20 март тестирани се вкупно 15.577 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 2,1 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.076; 58,7 отсто), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 198,2/100.000 и во Скопје – 169,6/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=451; 24,6 отсто). Најмал број е регистриран кај возрасната група до девет години (n=62; 3,4 отсто) .

Во однос на претходната недела, се регистрира зголемување на бројот на заболени кај лицата на возраст до 49 години, со најзабележително зголемување од 19,5 отсто во возрасната група од 40 до 49 години и 14,5 отсто во возрасната група од 20 до 29 години.

Кај возрасните групи над 50 години се забележува намалување во споредба со минатата недела, 12,3 отсто помалку кај лицата на возраст од 50 до 59 и 10,7 отсто кај лицата над 60 години.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.772 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 26,2 отсто помалку споредено со минатата недела (n=2.400).

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 309 реинфекции, со зголемување од 15,7 отсто во однос на претходната недела.

Пријавени се 15 смртни случаи во 9 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела (14 до 20 март), за 55,9 отсто помалку во однос на претходната недела (n=34). Најголем дел од нив се од Скопје (4). Во однос на возраста, регистрирани се 13 починати од возрасната група над 60 години и по еден починат од возрасната група од 40 до 49 години и 50 до 59 години, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје.

заразиле ИЈЗ Ковид-19 Новозаболени раст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.