Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИЈЗ со совети за заштита од инсекти

0
By Marija Todorovska on May 23, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 23, 2024 15:04

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) дава практични совети за заштита на населението од инсекти. Иако препораките се наменети за општата популација, значаен дел од истите, во склоп на ингеренциите, како што истакнуваат од Институтот, треба да бидат реализирани и од надлежните институции за комунална хигиена во општините или во Град Скопје.

– Правилно отстранете го отпадот и покријте ги контејнерите или кантите откако сте го отстраниле отпадот. Одржувајте ги септичките јами и одводните канали околу вашата куќа или зграда. Елиминирајте ја стоечката – стагнантната вода во олуците за дожд, сливници, стари гуми, кофи, пластични капаци, играчки или кој било друг сад каде може да се размножуваат комарците. Еднаш неделно, а пожелно е и почесто испразнување или менување на водата од кафезите за птици, фонтаните, базените, бурињата за дожд и саксии за да ги уништите потенцијалните живеалишта на комарците. Отстранете ги старите гуми, искористените пластични шишиња, лименки и слично. Прекријте со мрежа или затворете ги сите садови што служат за складирање вода, велат од ИЈЗ.

Зелените површини, бавчите, балконите и терасите редовно да се одржуваат чисти.

– Фонтаните на јавни површини и базени потребно е редовно да се одржуваат, да се менува водата и да се одржат проточни. Детектирајте и во склоп на вашите можности елиминирајте или пријавете на соодветно место за отстранување на живеалиштата на комарците. Бидете ажурни за одржувањето на комуналната хигиена во близина на вашиот дом или вашето работно место, препорачуваат од ИЈЗ.

Кога станува збор за физичките препреки, како што додаваат, пожелно е да се стават на врата и прозорци – мрежи за комарци, по можност, обложени со долгоделувачки инсектицид.

– Покријте ги сите процепи, дупки, јами во ѕидовите, вратите и прозорците за да спречите влегување на комарците. Проверете дали прозорците и вратите се во добра работна состојба. Целосно покријте ги количките за бебиња и креветите со мрежа или со лесно, памучно, аеробно платно. Користете електрични апарати што испуштаат средство кои ги уништуваат комарците. Користете клими во просториите каде престојувате, советуваат од ИЈЗ.

Оттаму препорачуваат да се води сметка за облеката со цел да се избегнат убоди од инсекти. Да се држат комарците подалеку од изложената кожа со носење кошули со долги ракави, долги панталони и чорапи.

– Носете светла боја што прекрива поголем дел на телото – со долги ракави и долги ногавици и која е удобна – проверете ги препораките на ИЈЗРСМ за соодветна облека при топло време. Имајте на ум дека облеката со светли бои како што се жолта, портокалова, црвена и розова и цветните дизајни ги привлекуваат инсектите, особено пчелите, осите и стршлените, бидејќи тие често можат да ја помешаат со цвет и ненамерно да ве убодат.  Неутралните бои како белата, зелената и светлите кафеави нијанси се многу помалку привлечни за инсектите, потсетуваат од ИЈЗ.

Особено при излети на природа, на места со вегетација или на ризични места каде има или може да има појава на инсекти, како на пример контејнери, по проценка на граѓаните, да се стават чорапите во панталоните, убаво да се закопчат за да се спречи преку слободниот простор облеката, комарците да дојдат до кожата.

Козметичките производи може да привлечат инсекти, нагласуваат од Институтот. Затоа, да се избегнува користење козметика – парфем, крем, млеко за тело и средства за лична хигиена – сапуни и слично, со силен мирис, бидејќи привлекуваат инсекти.

Пожелно е граѓаните да бидат внимателни што јадат и како ја чуваат храната, особено при престој во природа.

– Мирисот на храната привлекува инсекти. Слатки, сладолед, овошје, засладени пијалаци, лубеница и туна се само дел од видовите намирници што ги привлекуваат инсектите. Внимавајте кога ги консумирате овие и слични намирници. Покријте ја храната и пијалаците кога јадете на отворено – инсектите можат да влезат во отворени шишиња или лименки од кои пиете. Храната чувајте ја во затворена и термоизолирана средина, истакнуваат од Институтот.

Се препорачува да не се седи на отворено на места со голем број инсекти, особено измеѓу самрак и изутрина – зора.

– По ваша проценка, откриените делови на телото намачкајте ги со средства за одбивање на комарци – репеленти. Користете репеленти против комарци регистрирани од надлежните институции на Северна Македонија, внимателно следете ги упатствата и мерките на претпазливост на етикетата и секогаш консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Додека прскате инсектициди, фокусирајте се на темните места како што се плакарите, под креветите и зад завесите. Редовно следете ги информациите од овластените лица и органи за состојбата околу болестите што се пренесуваат преку инсекти, нагласуваат од ИЈЗ.

заштита ИЈЗ инсекти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.