НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Иконата“ останува на „Олимпико“: Тоти ќе биде директор на Рома

0
By Нова ТВ on July 3, 2017 СПОРТ
Фото: eurosport.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италијанската фудбалска легенда и „икона“ на Рома останува на „Олимпико“. Веста ја потврди и новиот тренер на „волчицата“, Еузебио ди Франческо, кој истакна дека долгогодишниот капитен на екипата во иднина ќе биде директор во клубот.

„Речиси сигурно Тоти ќе биде директор. Неодамна разговарав со него и среќен сум што ќе биде во моја близина. Тоа, секако, е привилегија. Ќе ми биде од голема помош“, рече Ди Франческо.

Тоти на крајот на минатата сезона го одигра последниот меч во дресот на римјаните. По мечот со Џенова на домашен терен имаше емотивно збогување со навивачите, соиграчите, клупската управа. Од тогаш  се шпекулираше дека можеби ќе продолжи со настапи уште една година во американската МЛС или во Кина, но остана доследен на својата фудбалска љубов.

„Работата е единствен вистински одговор на прашање како Рома повторно да биде победничка екипа. Мора да се создаде добар тим на играчи, да придонесат и навивачите, но и сите во клубот. Мора да бидеме поврзани, не смееме да паднеме во тешки моменти“, додаде Ди Франческо ко беше дел од шампионската генерација на „волчицата“ која во сезоната 2000/01 го освои Скудетото.

Рома Спортски директор Франческо Тоти фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

ВЕСТИ August 24, 2025

Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика…

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.