Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има ли политика во случајот со бесправната градба на џамија во Злокуќани ?!

0
By Mirjana on January 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопското муфтивство прво бара средба со претставници од општина Карпош за да ги согледа работите поврзани со џамијата во Злокуќани па дури потоа ќе излезат со став во јавноста, ни изјави денеска секретарот на муфтивството Неџми Ферати, иако деновиве од таму ги посочуваа вторник или среда кога јавно ќе се произнесат за случајот. Од муфтивството денеска не ни одговорија ниту на прашањето за уште една џамија – дивоградба во Средно Нерези за што први обелоденија од партијата Левица кои излегоа и со детали дека објектот се гради на имотен лист чиј сопственик е исто така  ИВЗ.

Од инспекторатот на општина Карпош информирале дека постапката за рушење на објектот во Средно Нерези е започната уште во јуни минатата година и дека веќе било издадено решение за отстранување на градбата, пишува „Вечер“.

Фото: Вечер

– Општината Карпош треба да го урне објектот. Имаме Годишен план за отстранување на бесправно изградени објекти, кога според тој план ќе ѝ дојде редот и оваа градба таа ќе се урне. За сево ова се информирани и советниците од Левица – информирале од Инспекторатот на Општина Карпош.

Во меѓувреме, средба со општинското раководство односно со градоначалникот Стевчо Јакимовски бараат и очекуваат да се случи и од џамискиот одбор во Злокуќани, во спротивно излегуваат на протести, ни изјави Тефик Махмут, лице кое, како што се претставува логистички и правно им помагало на верниците.

Кандидатот за градоначалник од Левица на Шуто Оризари Тефик Махмут, негира политичка заднина во случувањата со џамијата во Злокуќани

Тефик Махмут кој на последните локални избори настапи како кандидат на Левица во трката за градоначалник на Шуто Оризари, негира дека политиката вмешала прсти во изградбата на џамијата во Злокуќани, зашто тој  не бил партиски член туку претставник од граѓаните.

– Не сум член на ниедна политичка партија и правната помош и активизмот е нешто што го правам цел живот. Навистина не би сакал да го дефокусирам проблемот — истиот проблем има дискриминаторска димензија и на тоа би се фокусирал најмногу, изјави за НоваТВ Махмут.

Тој  уште негира дека „помошта“ за верниците е поради потписи за формирање на своја партија.

– Потписите се собрани  во Октомври и заверени на нотар. Нема апсолутно никаква поврзаност. Уште еднаш, ова го правам цел живот како во Македонија, така и во регионот, дециден е Тефик Махмут, екс кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари  од Левица.

Инаку, од скопското муфтивство вчера потврдија дека имотниот лист од џамијата во Злокуќани е во нивна сопственост, дека тие им дале верска дозвола на верниците од тој дел дека можат да градат објект и да ја практикуваат верата уште во 2016 година, но како што рекоа, ние не сме тие што издаваат дозвола за градба, бидејќи претходно од општина Карпош  изјавија дека објектот е дивоградба и дадоа 15 дневен рок да ја срушат самите а во спротивно на сцена стапува државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Вчера исто така, од џамискиот одбор во Злокуќани информираа дека оствариле средба со правниот тим за урбанистички работи во општина Карпош, на која им било кажано дека формално-правна одлука за уривање на џамијата, немало.

-Искрено се надеваме и силно веруваме дека нема да дојде до нешто такво. Но, доколу се одлучат надлежните органи на нееднаков третман, најавуваме дека ромските заедници од ромските населби во Злокуќани,Топаана,Ѓорче и Шуто Оризари ќе организираме:

– Протести за нееднаков третман и доскриминација врз основа на етничка и религиозна припадност.

-Претставки до национални и меѓународни тела кои работат во областа на мониторирање и извршување на човековите права.

Нашата држава е мулти-религиозна држава, каде што највисокиот правен акт ни го гарантира правото да си ги негуваме и прокламираме културните и религиозни вредности во оваа држава без разлика на нашата етничка припадност.Без разлика дали станува збор за минаре или камбана, ако веќе имаме вакви иницијативи, не може и не смеат истите да важат само за Ромите.

Не може и не смее само ромските сиромашни заедници заедно со верските објекти да им бидат трн во око на македонската јавност.

Уште еднаш, искрено се надеваме и силно веруваме дека највисокиот правен акт во државата ќе важи и за ромските муслимани во нашата држава.

Еднаквост и правда, почитување на правата на малцинствата, заедно со помалкубројните заедници во државата, треба да ни бидат параметрите кои ќе не водат до нашата колективна цел — евроинтеграција на нашата држава, се наведува во дописот до медиумите од џамискиот одбор во Злокуќани на кој е потпишан Тефик Махмут.

Најави за  самоорганизирање и протести има и од локалното население , кое реагира  што градбата речиси ,,никнала“ преку ноќ и што немало никаква информативна табла, кој гради и што гради. Најавуваат протести и поради тоа што новодојдените за да се згреат користеле гуми и останати неконвенционални материјали за затоплување кои чаделе од што печеле очите и не можело да се дише.

(М.Т.)

ИВЗ Јакимовски СРЕДБА БАРА ЏАМИЈА ЗЛОКУЌАНИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.