Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има нешто гнило во увезената храна

0
By Zoran Ivanov on December 24, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 24, 2025 17:57

Македонија е дел од Балканот, со таканаречените „меки граници“, но ако веќе јадеме прескапа храна, тогаш таа треба да биде квалитетна. Некои „претприемачи“ постојано го покажуваат својот „деловен дух“ кога станува збор за заработката, на штета на здравјето на граѓаните.

Соња Кириџиевска

Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство запленија и нештетно уништија неквалитетни и небезбедно увезени прехранбени производи, но прашањето што се поставува е колку таква храна е веќе продадена во земјава и колку во моментов ја продаваат други увозници

Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство во последниве месеци открија мувлосани апетисани, помфрит со поминат рок, пилешко месо што не заслужувало ни да им се сервира на животните во зоолошките градини. Последно што е запленето се црвјосани киви од кои требало да се прави сок. Излегува дека сè што не се изело и не се испило во регионот, но и подалеку, кинисало на пат за Македонија за да заврши на нашите тезги. Сè што стоело со месеци непродадено по белосветските магацини и фрижидери за остатокот за светот е неквалитетно, но не и за македонскиот стомак.

Токму и да се постави по еден инспектор за да го проверува секој камион што влегува со увозна стока, повторно нема да се спасиме од намерите на некои трговци во земјава да пласираат храна со поминат рок и која не е за употреба. Заплени и нештетно уништување ќе има во континуитет, но прашањето што се поставува е – колку таква храна е веќе продадена и колку во моментов ја продаваат други увозници?
Македонија е дел од Балканот, со таканаречените „меки граници“, но ако веќе јадеме прескапа храна, тогаш таа треба да биде квалитетна. Некои „претприемачи“ постојано го покажуваат својот „деловен дух“ кога станува збор за заработката, на штета на здравјето на граѓаните.

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка. Станува збор за 22,3 тони од овој вид овошје, увоз од Република Србија. Минатата недела, инспекциските служби на АХВ, на граничниот премин Ќафасан, спречен е увоз на повеќе од 26 тони замрзнати пилешки батаци без коска. Поради неисполнување на условите за увоз, тие се вратени во земјата извозник – Бразил. Во средината на ноември беше спречен увоз на повеќе од 20 тони замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба од Холандија. Во рамките на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ тогаш заплени и нештетно уништи и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек.

Претходно, вонредната контрола кај оператор со храна заврши со заплена и нештетно уништија на приближно 37 тони храна – јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини, без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години. Слична судбина ги снајде и 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограм кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите. Во рамките на истата пратка со надзорот најдени се и 900 килограми индиски ореви, со декларација, пронајдени на територијата на Чучер-Сандево.

Шверцот и нелегалната трговија со храна, а особено на месото, покрај тоа што е прекршување неколку закони, носи и зголемен ризик од загрозување на здравјето на луѓето. Исходот е обично парична казна и во исто време – заштитна мерка за конфискација на стока. Дури ако се случи ист човек или фирма да бидат „фатени“ повеќепати, следуваат посериозни санкции – се поведуваат кривични постапки.

Кога станува збор за храна, односно прехранбени производи од растително и животинско потекло, во постапката на редовен увоз, граничните ветеринарни и фитосанитарни инспекции се задолжителни, бидејќи без пропишаниот сертификат за исправност, издаден од нивна страна, ниту месото ниту другите прехранбени производи наменети за човечка потрошувачка не можат да влезат во земјата.

Како што објаснуваат експертите, не постои категорија „нелегално увезена“ стока, но ако стоката е „нелегална“, тоа значи дека, всушност, била шверцувана. За таквата стока не се платени давачки и не е придружена со документација што би гарантирала дека е безбедна од аспект на здравјето на консументите.

За шверцот, се знае кој е надлежен. Не се доволни само инспекторите на АХВ, зашто нивното дејствување може да биде недоволно и задоцнето. За спречување нездрава храна да завршува на македонските трпези, потребна е посериозна контрола и ангажман на повеќе институции, зашто јавна тајна е дека станува збор за организиран криминал. Шверцерите не се осмелуваат да влегуваат во поголеми зделки без да имаат „грб“ кај моќници од власта и своите луѓе во институциите што ќе им прошверцуваат дозволи и други документи.

Текстот е сопственост на слободен печат.мк

 

 

колумна соња кираџиевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.