Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Имале тешки коморбидитети, а не побарале помош: Ковид-19 покоси цело семејство во тетовско

0
By Sashko on September 2, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 2, 2021 17:20

Ковид-19 покоси цело семејство во тетовско. Мајка, татко и ќерка починаа како последица на коронавирусот. Тројцата не побарале лекарска помош иако, и онака, биле во тешка здравствена состојба, односно имале коморбидитети. Се претпоставува дека семејството се заразило на некоја свадба или при групирање за некоја друга семејна прослава.

Минатата недела во домашни услови во тетовско починаа три лица од исто семејство. Ќерката била на возраст од 36 години и имала тешки гинеколошки проблеми. Нејзините родители, пак, исто така, се бореле со тешка форма на болести. Таткото имал карцином, а мајката била со кардиомиопатија. Но и покрај тоа, не се обратиле за медицинска помош во болница. Во семејството немало други заболени лица, изјави доктор Миранда Пајазити од ковид-центарот при тетовскиот Клинички центар.

Докторка Пајазити нагласи дека досега се соочиле со многу случаи на заболени лица од исто семејство кои пројавувале поблаги симптоми на ковид-19 и се лекувале во домашни услови. Таа истовремено апелира до сите лица да се јават на лекар, веднаш штом почувствуваат некој од симптомите на коронавирусот. Свеста, според неа, расте, но недоволно, па затоа и се случуваат вакви трагедии.

„Има пациенти кои, за жал, не одат на болничко лекување и доаѓаат во крајна фаза. Малку, сепак, е подобрена состојбата во тој поглед, но кога еден член на семејство е позитивен, тој мора да се изолира, а другите да се тестираат, порачува докторка Пајазити.

Ковид-19 Коморбидитети Македонија семејство Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.