Пратеникот од ДПА Имер Алиу му се спротивстави на неговиот сопартиец што ја претставува партијата во ДИК, Бедредин Ибраими, кој вчера гласаше дека има услови за избори на 5 јуни.
– По одлуката на ДИК треба да се знае дека: не се исполнети услови за веродостојни избори поради Избирачкиот список. Исто така, спорни се и изборните единици кои во сегашната ситуација не се еднакви по број на избирачи во нив, со што Албанците губат 5 до 6 пратеници, напиша Алиу на Фејсбук.