Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Импресивна Германија, Словенија и Ц.Гора во мундијалски сон (Видео)

0
By Нова ТВ on September 5, 2017 ВЕСТИ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Перфектна Германија, пресврт на Англија, најубедлива победа на Словенија во последните две ипол години, на курсот кон Русија останува и Црна Гора пред директниот дуел за второто место во групата Е против Данска во Подгорица на 5 октомври. Нивните настапи и резултати избија во преден план во синоќешните девет натпревари во УЕФА зоната за пласман на Светското фудбалско првенство во 2018 година.

Германците како „швајцарски часовник“ против Норвешка 

Актуелниот светски првак работеше како швајцарски часовник против Норвешка во Штутгарт. „Панцерите“ славеа со импресивни 6:0 против скандинавскиот ривал во групата Ц и останаа на максимален ефект во циклусот пред завршните октомври настапи. Езил, Дракслер и Вернер обезбедија предност за германската селекција по само 21 минута игра на „Мерцедес Бенц арена“ за Вернер, со уште погодок до полувремето, и Горецка и Гомез да ги докрајчат Норвежаните.

https://www.youtube.com/watch?v=GRgqnn5eexA

Домашните селекции триумфираа и во останатите два меча од осмото коло во групата Ц. Северна Ирска во Белфаст ја совлада Чешка со 2:0 за осигурување на второто место во конкуренцијата што ќе значи и мундијалски бараж двомеч во ноември. Азербејџан, пак, во Баку во меч за своја душа и без резултатско значење околу изгледот на табелата го победи Сан Марино со 5:1. Ова воедно е прва „петарда“ во историјата на тимот што моментно го предводи Роберт Просинечки.

Јоветиќ ја урна Романија и ја остави Црна Гора во мундијалски сон

Црна Гора ја врза и третата победа во низа во групата Е и бодовно се израмни со Данска пред меѓусебниот дуел во Подгодица на 5 октомври кој директно ќе одлучува за второто место на табелата. По Ерменија и Казахстан, црногорската репрезентација освои три бода и против Романија на домашен терен (1:0) и остана да живее во мундијалски сон пред финалните 180 минути во кампањата за Русија. Стрелец на единствениот гол беше новиот напаѓач на Монако, Стеван Јоветиќ во 75 минута по асистенција на Адам Марушиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=_R_L5UXBldI

Три бода впиша и Данска која ја совлада Ерменија во Ереван со 4:1. Хет-трик постигна Томас Дилени (17′, 82′, 90’+3′), четвртиот за Данците, втор за нив во средбта, беше дело на Кристијан Ериксен во 29 минута. Почесната „стрелба“ за домашниот состав беше во изведба на Руслан Корјан уште по шестата минута по што следуваше одговорот на европскиот шампион од 1992 година.

Лидерот во групата, Полска немаше проблеми со Казахстан во Варшава. Роберт Левандовски и дружината славеа со 3:0 и се рехабилитираа за дебаклот од данската селекција пред неколку дена во Копенхаген. Аркадиуш Милик во 11 минута, Камил Глик во 74 минута и Левандовски во 86. од пенал ја потпишаа шестата победа на Полјаците во групата Е.

Словенија на Среќко Катанец ја декласира Литванија, пресврт на Англија против Словачка 

Словенија ги задржа шансите за второ место во групата Ф што носи бараж за СП 2018. Селекцијата предводена од Среќко Катанец, на стадионот „Стожице“ во Љубљана“, ја декласира Литванија со 4:0 во нејзиниот најубедлив настап во последните две ипол години. Јосип Иличич реализира по еден пенал во двата дела (25′, 61′), радоста на „змајчеки“ ја запечатија Бенјамин Вербич во 82 минута и Валтер Бирса во 90.

Фото: uefa.com

Во прилог на Словенците и победата на Англија над Словачка, на „Вембли“, со 2:1. Словаците поведоа преку Лоботк во третата минута, Ерик Даер погоди во 37 минута за израмнување на Гордиот Албион, Маркус Рашфорд во 59 минута го сврте резултатот во корист на домашните кои и успеаја да го сочуваат до крајот.

https://www.youtube.com/watch?v=sWSCzXaUOs4

Шкотска, пак, во Глазгов очекувано ја совлада Малта со 2:0 со погодоците на Кристоф Бера во деветтата минута и на Леј Грифитс во 49.

Квалификации за СП 2018

Група Ц, 8 коло

Германија – Норвешка 6:0

Северна Ирска – Чешка 2:0

Азербејџан – Сан Марино 5:1

Табела: Германија 24, Северна Ирска 19, Азербејџан 10, Чешка 9, Норвешка 7, Сан Марино 0.

Идно коло (5 октомври): Северна Ирска – Германија, Азербејџан – Чешка, Сан Марино – Норвешка.

Група Е, 8 коло

Црна Гора – Романија 1:0

Полска – Казахстан 3:0

Ерменија – Данска 1:4

Табела: Полска 19, Данска 16, Црна Гора 16, Романија 9, Ерменија 6, Казахстан 2.

Идно коло (5 октомври): Ерменија – Полска, Црна Гора – Данска, Романија – Казахстан.

Група Ф, 8 коло

Англија – Словачка 2:1

Словенија – Литванија 4:0

Шкотска – Малта 2:0

Табела: Англија 20, Словачка 15, Словенија 14, Шкотска 14, Литванија 5, Малта 0.

Идно коло (5 октомври): Англија – Словенија, Шкотска – Словачка, Малта – Литванија.

Англија Германија квалификации за СП 2018 Словенија фудбал Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.