Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Имунизација против ковид-19: Целосно вакцинирани се 35 отсто од граѓаните, бустер доза примиле 15.851 лице

0
By Sashko on October 27, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: gallup.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава изнесува 6.191 од кои најголем број (3177) се регистрирани во Скопје. Во Куманово има 433 активни случаи, во Велес 316, во Прилеп 243, во Битола 207, во Кавадарци 196, во Штип 191, во Охрид 183, во Кочани 166, итн.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминатите 24 часа, при направени 3.622 тестирањe, регистрирани се 511 нови случаи со ковид-19, 10 починати и 497 оздравени пациенти.

Во период од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти со ковид 19, од кои над 78 отсто биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во овој период 97 биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина, соопшти Министерството за здравство.

Еден пациент бил вакциниран со „Фајзер“, двајца со „Астра Зенека“, шест со „Синовак“, а 16 примиле вакцина од производителот „Синофарм“. Двајца од заболените кои починале биле вакцинирани со вакцината „Спутник V“.

Во текот на завчерашниот ден беа аплицирани вкупно 7.739 дози вакцини. Согласно податоците од Министерството за здравство, од вкупниот број на аплицирани вакцини завчера, 748 се вакцинирани со прва доза, ревакцинирани се 1.629, а трета доза примиле 5.362 граѓани.

Заклучно со 25 октомври, вкупно се вакцинирани 801.988 граѓани, ревакцинирани се 771.165, а трета доза примиле 15.851 граѓанин. Педесет и четири проценти од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информира Министерството за здравство.

Една доза вакцина примиле 57 проценти од полнолетната популација во земјава, додека со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Податоците покажуваат дека 38 проценти од целата популација е вакцинирана барем со една доза, а 35 отсто се целосно вакцинирани.

Досега во земјава се направени вкупно 1.369.624 милиони тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, а на починати е 7.072.

вакцини имунизација Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.