Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Имунизација против ковид-19 во Македонија: Над една третина од населението е целосно вакцинирано, 38 отсто со една доза

0
By Sashko on October 12, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Над една третина од вкупната популација во Македонија или 35 проценти се целосно вакцинирани против ковид-19, а барем една доза на вакцина примиле 38 отсто од граѓани, покажуваат податоците на Министерство за здравство (МЗ).

Нова француска студија покажува дека вакцинацијата против ковид-19 го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 90 проценти кај луѓето постари од 50 години и се чини дека е ефикасна против Делта варијантата на вирусот.

Ова значи дека вакцинираните луѓе имаат девет пати помал ризик за хоспитализација или смрт од ковид-19 отколку невакцинираните луѓе, изјави епидемиологот Махмуд Зуреик, кој ја предводи научната група Епи-Фаре, за АФП.

Во студијата се наведува дека од 14-тиот ден по втората доза на вакцината „забележано е намалување на ризикот од хоспитализација за повеќе од 90 проценти“.

Истражувањето е направено според податоци од 11 милиони вакцинирани лица, постари од 50 години споредбено со податоци за 11 милиони невакцинирани лица во иста возрасна група, во период од 27 декември во 2020 година до 20 јули оваа година.

Ова истражување се однесува само на вакцините „Фајзер“/„БиоНТек“, „Модерна“ и „АстраЗенека“. Во Северна Македонија се достапни „Фајзер“/„БиоНТек“, што е дозволена и за лицата од 12 години и „АстраЗенека“, која е достапна за лицата над 60 години.

Комитетот за имунизација препорача трета доза „Фајзер“ не само за лица над 60 години и за здравствени работници, туку и за кои било други граѓани доколку се изложени на ризик од ковид-19, поради тоа што имаат чести контакти на работа или приватно, без оглед на возраста и дали имаат или немаат хронични болести. Податоците од МЗ покажуваат дека трета доза до 9 октомври примиле 782 граѓани.

Оваа недела се очекува да започне и тестирање на 8.200 ученици од основните и средните училишта. Тестирањето ќе се одвива по случаен избор од регистарот на Е-дневникот и во согласност на нивните родители.

Скринингот е предвиден да трае пет дена, а дневно да бидат тестирани по околу 1.600 деца, во самите училишта. Тестирањето во средните и основни училишта, како што појаснуваат надлежните, се одвива со цел да се добие податок за евентуална трансмисија на вирусот во училиштата.

Во училиштата вакцинирани се околу 75 отсто од наставниците, додека настава на далечина следат околу два процента од учениците, според податоците на Министерството за образование и наука (МОН).

Најмногу активни случаи има во Скопје – 3.550, Куманово е на второ место со 612 активни случаи и на трето место е Тетово со 187.

Досега во земјата се направени вкупно 1.324.894 милиони тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-19 дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 195.002, бројот на оздравени
пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а на активни случаи изнесува 6.957.

имунизација Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.