Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Индија загуби контакт со леталото што патуваше кон Месечината

0
By Нова ТВ on September 7, 2019 СВЕТ
Фото: businessinsider.in
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Индија загуби контакт со вселенското летало „Викрам“ што се обиде да слета на јужниот пол на Месечината за да постави возило во потрагата по знаци за постоење вода на земјиниот сателит, објави денеска индиската Организација за истражување на вселената. Засега сè уште се непознати причините за прекинатите врски со мисијата.

Индиската организација соопшти дека спуштањето на леталото кон Месечината било нормално до вториот километар од лунарната површина и дека е во тек анализа на податоците за да се утврди што точно се случило.

Мисијата „Чандрајан 2“, за која се потрошија околу 140 милиони американски долари, имаше за цел да ги анализира кратерите на „темната страна на месечината“, каде има резерви на вода што беше потврдено од мисијата „Чандрајан 1“ во 2008 година.

Новата мисија почна на 22 јули од вселенскиот центар во Сатиш Даван на островот Шрихарикота, по што „Чандрајан 2“ мина неколку недели на пат кон Месечината за конечно да влезе во орбитата на 20 август. Вселенското летало „Викрам“ се одвои од главниот брод на 2 септември и започна серија маневри за да се подготви за слетување.

Со успешно слетување на вселенското летало, Индија ќе станеше четвртата земја што го сторила тоа и само трета земја што поставила роботско возило по САД, Русија и Кина која, пак, во јануари, стана првата земја што стигнала до оддалечениот крај на Месечината. Во април, израелско вселенско летало се урна на неколку моменти пред слетување.  

„Викрам“ Индија Месечина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.