Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Индустриското производство намалено за близу пет отсто

0
By Biljana on January 31, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 31, 2022 12:20

Индустриското производство лани во декември е намалено за 4,9 отсто во споредба со истиот месец од 2020 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во привите 12 месеци од 2021 година е повисоко за 1,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, бележи пораст од 2,5 тсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 9,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 20,5 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, бележи пораст кај Енергија за 18 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 23,4 отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,8 отсто, Капитални производи за 20,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,3 отсто.

Во меѓувреме, намален е и бројот на работниците во индустријата. Лани во декември е намален за 3,2 отсто во споредба со истиот месец 2020 година, а на годишно ниво во 2021 година има намалување од 2,4 отсто во однос на 2020 година.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи опаѓање кај Енергија за 2,8 отсто, Капитални производи за 0,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,2 отсто, додека пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 отсто.

Државен завод за статистика Индустрија Индустриско производство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.