Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инфективна во Букурешт: Фудбалерите нѐ бодреа нас, а сега ние ќе скандираме „Напред Македонија!“

0
By НОВА ТВ Balaban on June 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 12, 2021 20:00

„Победа„, „Победа“! Еве подготвени сме да навиваме за нашите фудбалери и да ги бодриме утревечер директно од трибините на стадионот во Букурешт. Поаѓаме сега во 18.30 часот од Скопје, сите сме весели и расположени за скандирање „Напред, Македонија!“, а широко ќе ги развиориме и нашите знамиња на стадионот , изјави денеска за НоваТВ Велимир Тричковски, физиотерапевт на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, пред поаѓањето за Романија на Европското првенство ЕУРО 2020. Тој е еден од 20ина вработени од Инфективната клиника, коишто ќе утревечер бидат меѓу најгласните навивачи за нашата репрезентација.

Фудбалската федерација на Македонија им подари 20 билети на вработените од оваа клиника за и тие да може да присуствуваат на првиот натпревар којшто македонските фудбалери утре во 18 часот го играат во Националната арена во Букурешт против репрезентацијата на Австрија.

– Радосни сме многу што токму тие што цела година нѐ бодреа нас, вработените на Клиниката за инфективни болести и кога нам ни беше најтешко, тие ни дадоа поддршка да истраеме во битката против коронавирусот што ја водиме повеќе од една година за нашите пациенти. Сега, нашата голема поддршка ние ќе им ја дадеме на нашите фудбалери и тоа на првиот меч и веруваме дека ќе им бидеме среќа за победа! Благодарни сме им на ФФМ што ни подарија билети за натпреварот, но и на Телеком коишто веднаш нѐ контактираа и ни понудија организиран превоз со автобус до Букурешт и нѐ враќаат во Скопје по натпреварот, вели Тричковски.

Во навивачката група од Инфективна клиника се и специјалисти инфектолози, специјализанти, медицински сестри, но и болничари, лаборанти и физиотерапевт.

– Едвај чекаме да скандираме и навиваме за Македонија! Ќе вежбаме уште попат, во автобусот – порачаа вработените од  Инфективна пред да тргнат за Букурешт, а среќен пат и да ѝдонесат победа на нашата репрезентација им посака и  главната медицинска сестра на клиниката, Габриела, којашто попладнево ги испрати колегите .

Љубица Балабан

автобус Букурешт ЕУРО 2020 Инфективна Клиника навивачи Фудбалери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.