Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иницијатива: Измени на ЗКП за спречување на одолговлекување на судските постапки

0
By Нова ТВ on December 24, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 24, 2019 11:27

Судијата од Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Туфегџиќ поднесе иницијатива до надлежните институции за измени и дополнување на Законот за кривична постапка (ЗКП), со цел да се спречи непотребното одолговлекување на судските рочишта при промена на член на судечкиот совет, при што некои од случаите се враќаат и на почеток.

Со оваа иницијатива судиите на овој Суд, како што стои во соопштението, сакаат да предложат измени со кои доследно ќе се почитуваат правата на странките во постапката, ефикасност во постапувањето, еднаквост на оружјата и почитување на правото за судење во разумен рок.

Судијата Туфегџиќ во иницијатива ја нагласува потребата од измени и дополнувања на членот 371 од ЗКП, во делот на продолжување на главната расправа, поради измена на составот на советот или судија поединец. Сегашното законско решение наметнува обврска советот да може да одлучи определени сведоци и вештаци да не се сослушуваат повторно, туку да се прочитаат нивните искази внесени во записниците од поранешната главна расправа доколку постои согласност на странките.

„Имајќи ја предвид досегашната судска пракса, во смисла на примена на законските одредби од ЗКП, а кои се однесуваат на повторен почеток на главна расправа во случај на измена на составот на судечкиот совет, сметам дека Основниот кривичен суд треба да поднесе иницијатива за измена и дополнување на Законот за кривична постапка. Досегашната судска пракса покажа дека при промена на составот на судечкиот совет, продолжувањето на веќе започната кривична постапка во целост зависи од согласноста на странките, во однос на веќе изведените докази“, стои во иницијативата на судијата Туфегџиќ.

Во досегашното постапување во кривичните предмети пред Основниот кривичен суд, како што е наведено, клучен фактор за одолговлекувањето на започнатите кривични постапки е токму изричната законска одредба од член 371 од ЗКП, која наметнува обврска на судечкиот совет да бара согласност од странките да се прочитаат веќе изведените материјални и вербални докази. Доколку таква согласност не биде дадена од странките во кривичната постапка, судечкиот совет во изменет состав мора одново да ги изведе сите докази.

Во иницијативата се предлага при промена на составот на судечкиот совет, започнатата кривична постапка непречено да продолжи откако на новите членови на постојниот судечки совет на затворена седница ќе им бидат презентирани дотогаш изведените докази во текот на кривичната постапка. Притоа да се избришат законските решенија кои предвидуваат изрична согласност на странките во кривичната постапка по однос на повторното изведување на веќе изведените докази.

„Во ваква правна ситуација, од процесен аспект, затворената седница за запознавање на новите членови на судечкиот совет со дотогаш изведените докази во текот на кривичната постапка, би ја закажал претседателот на судечкиот совет или член на судечкиот совет, а доколку дојде до промена и на претседателот на судечкиот совет и член на судечкиот совет, тогаш затворена седница би иницирал претседателот на Кривичниот суд“, се наведува во иницијативата.

Според судијата Туфегџиќ, со имплементација на вакви измени во Законот за кривичната постапка, би се запазило начелото на економичност и ефикасност во судската постапка и воедно би се оневозможило злоупотреба која како крајна цел има одолговлекување на започнатите судски постапки особено во сложени кривични предмети со голем број на материјални и вербални докази.

Судијата во иницијативата укажува дека ваквите промени што тој ги предлага се на линија на арбитрарната улога на судечкиот совет во кривичната постапка, која врз основа на изведените докази предложени од странките во кривичната постапка треба да изгради сопствено мислење во однос на кривичното дело кое на обвинетите им се става на товар.

Владимир Туфегџиќ ЗКП Иницијатива промени Судски процеси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.