Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инспекциски совет: Од 4 до 11 мај се спроведени 3.690 надзори

0
By Нова ТВ on May 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 13, 2020 16:15

Од 4 до 11 мај се спроведени 3.690 вонредни инспекциски надзори за почитување на мерките и препораките од Владата за спречување на ширење на коронавирусот. Притоа е констатирано дека, и покрај забраната, дел од угостителите ги отвораат објектите, има непочитување на мерките за лична заштита, како и лоши хигиенски услови во некои објекти.

Од Инспекцискиот совет порачуваат дека постојните мерките се во сила се до нивно укинување и оти продолжуваат да го следат почитувањето на протоколите.

„Уредбите на Владата и одлуките за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот и за забрана и за посебен режим на движење на територијата на државата, како и други препораки со кои се детерминираат одредени ограничувања за правните лица и за граѓаните остануваат во сила се додека стручните лица не определат поинаку“, порача на денешната прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска.

Таа потенцираше дека инспекциските служби  ќе продолжат да функционираат со полн капацитет за заштита на населението од ширење на вирусот и за заштита на правата на секој граѓанин.

„Во рамки на надлежностите, ќе го контролираме почитувањето на воспоставените протоколи за ред и дисциплина при извршување на определени активности на правните субјекти и ќе бидеме посветени храната, лековите и сите останати средства и продукти, граѓаните да ги купуваат со соодветни цени и со соодветен квалитет“, рече Филиповска Грашкоска.

Таа апелира да се почитуваат мерките за носење на заштитна опрема за вработените во правните субјекти, но и за граѓаните кои ги посетуваат, како и мерките за дезинфекција и хигиена и да се држи дистанца од два метра при извршување на која било активност.

Според статистиката за извршените контроли од 4 до 11 мај, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат реализирале 2.221 инспекциски надзори во трговски објекти од големопродажба  и малопродажба. Притоа се затворени пет угостителски објекти во Кичево, во Охрид, во Тетово и во Струмица. За објектите во Охрид и во Струмица ќе следуваат и кривични пријави.

Евидентирани се и пет прекршоци за непочитување на замрзнатите цени и несоработка при надзорот во повеќе населени места и дополнителено се запечатени три кафемати во Штип. При контролите во Виница, во Кочани, во Пробиштип, во Делчево, во Ресен, во Прилеп, во Кичево и во Скопје се евидентирани 18 прекршоци за непочитување на одлуката за лична заштита и еден прекршок по одлуката за ред и дисциплина пред и во трговските објекти.

„Покрај утврдените недоследности кај помал број на правни субјекти, најголем дел од деловните субјекти ги почитуваат одлуките и препораките на  Владата“, рече Филиповска Грашкоска.

И директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски апелираше да се почитуваат одлуките за забрана за работа се до официјално соопштување на најавените промени.

„Многу објекти се осмелија дури и во полициски час да отвораат и да се собираат луѓе. Се што правиме е за здравјето на луѓето. И синоќа и ноќта пред тоа затворавме објекти и во Тетово, и во Врапчиште и во Гостивар. Упатувам апел барем во полициски час да не доаѓа до тоа инспекторите кои се по цел ден на работа да бидат повикувани од полицијата за да затвораме објекти бидејќи, пред се, сите кои одат во такви објекти го загрозуваат и нивното семејство“, рече Пауновски.

При спроведените 214 инспекции од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, во маркети, угостителски објекти, пазари, месарници, производствени објекти, е издаден еден прекршочен платен налог заради промет за небезбедни производи, изречени се пет решенија за неспроведување на контрола против штетници и заштита од нив, неводење записи или лоши хигиенски услови. Дополнително се изречени уште 12 мерки поради непримена на заштитните мерки против коронавирусот и неводење евиденција за добра хигиенска пракса.

Државниот инспекторат за труд, пак, го зголемил обемот на активности и реализирал 819 надзори, при што донел 11 решенија и 389 укажувања на работодавачи кои не постапиле согласно препораките на Владата.

Државниот здравствен инспекторат спровел 184 инспекциски надзори и издал 396 дозволи за транспортери за непречено спроведување на транспортот во услови на епидемија, а Агенцијата за лекови и медициснки средства направила 69 контроли и констатирала дека нема специфични отстапувања.

Транспортниот инспекторат констатирал дека и натаму е редуциран меѓуопштинскиот сообраќај и има целосен прекин на меѓуградските линии од Скопје кон Охрид, Битола, Ресен, Прилеп, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Кочани, Берово и обратно. Сè уште е во прекин и меѓуопштинскиот линиски превоз на патници на релација Скопје – Куманово и обратно и Скопје – Тетово и обратно, како и меѓународниот линиски превоз.

Инспекции Магдалена Филиповска Грашкоска Македонија Совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.