Презентацијата на пакетот за проширување во Комисијата за надворешна политика од страна на комесарот Вархеји беше видливо во сенка на блокираниот пристапен процес на Северна Македонија и Албанија и неможноста државите членки да ја донесат одлуката за почетокот на
преговорите со двете држави.

Во овие услови, Комисијата безбедно останува на веќе познатите главни наоди и препораки во поглед на отворањето на преговорите. Во Заклучоците на овогодишната Стратегија за проширувањето, Комисијата повторува дека одложувањето на почетокот на преговорите со двете земји НЕГАТИВНО ВЛИЈАЕ ВРЗ КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА ЕУ. Затоа повикува билатералните
прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија да се решат како приоритет, државите членки да ја завршат дискусијата за преговарачките рамки и првите меѓувладини конференции да се одржат пред крајот на оваа година. Ваквото инсистирање е поддржано со оценката дека државата ги исполнила условите за одржување на првата меѓувладина конференција, благодарејќи на
„одржувањето стабилно и одлучно темпо во спроведувањето на реформите во ЕУ, особено во клучните области како што е владеењето на правото, вклучително и во борбата против корупцијата и организираниот криминал“.

Иако Извештајот оваа година е целосно структуриран по кластери, суштествено нема големи новини во пристапот на Комисијата, освен редоследот на поглавјата и сумирањето на главните наоди по поглавја. Во повеќето од кластерите Северна Македонија е проценета како умерено подготвена да ги преземе обврските од членството во ЕУ со видливи разлики помеѓу посебните поглавја во кластерите, како што може да се види од табелата подолу.

Се пофалува постојаната посветеност на Владата на реформите поврзани со интеграцијата во ЕУ – активираните контроли и рамнотежи и широк опфат на теми за клучните политики и законодавни прашања, функционирањето на Парламентот и покрај политичката поларизација, како и стабилните меѓуетнички односи, но и пресудите за настаните од 27 април 2019 г. Се
поздравува и препознавањето на граѓанското општество како клучен чинител од страна на државните институции. Повторно се констатираат повеќето од старите „болки“, како што се, на пример, измените на изборен законик непосредно пред избори, голем број закони во скратена постапка, спорадични
нови иницијативи наместо имплементација на постојната правна рамка, запрен реформски процес на локалната самоуправа.

За разлика од наодите и препораките во однос на демократските институции во однос на реформата на јавната администрација, клучните препораки се однесуваат на промена на релативно нови системски закони донесени со поддршка од ЕК и донесување нови, наместо фокус на спроведувањето.
Состојбите во областа на темелните права се загрижувачки од аспект на имплементација. Се повторуваат хроничните проблеми кои упорно опстојуваат во одредени подрачја, како што е на пример состојбата во затворите и недоволното спроведување на препораките на Комитетот против тортура.

Натаму, иако се оценува дека состојбите со слободата на изразување се
генерално добри, реформите во медиумската сфера се бавни. Повторното донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминацијата наидува на пофалби, но со очекувања за јакнење на транспарентно избраното ново независно тело формирано за оваа цел. Во борбата против корупцијата

Извештајот е детален во прикажувањето на исходите од предметите, особено оние од висок профил, со позитивна констатација за продолжувањето на
предметите од поранешниот СЈО. Комисијата ги повторува позитивните оценки за Комисијата за спречување на корупцијата. Комисијата во најголема мера оценува зајакнување на институциите во Поглавјето 24. Правда, слобода и безбедност, како и подобрени резултати во предметите против
организираниот криминал. Добар напредок е констатиран во исполнување на препораките од минатата година во однос на институционалните реформи на безбедносниот сектор, како и реформата на службите за разузнавање.
Извештајот е генерално позитивен во однос на справувањето на властите со економските предизвиците од КОВИД, како и на дополнителното унапредување на фискалната  транспарентност, но предупредува на зголемениот јавен долг, бавните економски структурни реформи и ниските капитални трошоци.
Сите три поглавја кои припаѓаат на Кластерот Темели остануваат „умерено напреднати“, а единствено добар напредок од минатата година е забележан во Поглавјето Статистика, што се должи на позитивната оценка за подготовката и спроведувањето на Пописот. Другите две поглавја – Јавни набавки и Финансиска контрола, забележуваат ограничен напредок.

За прв пат во анекс на С Т РАТ Е Г И Ј АТА  З А  П Р О Ш И Р У В А Њ Е  С Е  Д О Б И В А  У В И Д  В О  Т О А  К О И  И Н Д И К АТ О Р И И МЕЃУНАРОДНИ ИНДЕКСИ Комисијата ќе ги користи во проценките на состојбата во однос на
демократските институции и владеењето на правото. Тие ги вклучуваат годишните проценки на Freedom House, Transparency International, Светска банка, како и репортери без граници. Од нивната разноликост пак јасно се воочливи тешкотиите во однос на утврдување јасни стандарди и
проценки во овие области. Дополнително, видливо е дека пристапот на извештајот е потехнички, а Комисијата избегнува политички оценки, што не беше секогаш случај во минатото.

Во КЛАСТЕРОТ 2: ВНАТРЕШЕН ПАЗАР, кој го сочинуваат поглавја со обемно и сложено acquis, напредокот е ограничен или воопшто го нема, со исклучок на мали поместувања во однос на слободното движење на капитал и право на трговски друштва. Загрижува континуираната  стагнација во значајното поглавје 8. Конкуренција. ЕК овој кластер во својата проценка го врзува
со обврските на членство во заедничкиот пазар на ЕУ, но и во Заедничкиот регионален пазар.

Во КЛАСТЕРОТ 3: КОНКУРЕНТНОСТ И ИНКЛУЗИВЕН РАСТ има забележителна стагнација, со исклучок на Поглавјето 29: Царинска унија кое е повторно позитивен исклучок со континуиран напредок. Поволни се оценките за мерките за поддршка на стопанството и вработувањето, но кризата
влијае и на забавување на реформите во социјалната политика и образованието. Во скоро сите поглавја се забележува на недостиг на независност, координација и капацитети на институциите, но и недостиг на ресурси и напори за спроведување на законите и политиките.

Во КЛАСТЕРОТ 4: ЗЕЛЕНА АГЕНДА И ОДРЖЛИВА ПОВРЗАНОСТ, Поглавјето 15. Енергија бележи позитивна оценка за пазарот на енергија, но заостанува подрачјето на енергетска ефикасност. Стагнира Поглавјето 14. Сообраќајна политика, како и сложеното поглавје 27: Животна средина. Особената загриженост произлегува и од фактот што овие поглавја се значаен дел од Економскиот и инвестицискиот план за Западниот Балкан.

Во КЛАСТЕРОТ 5: РЕСУРСИ, ЗЕМЈОДЕЛСТВО И КОХЕЗИЈА, од една страна се поглавјата во кои бележиме континуиран напредок како поглавје 12: Безбедност на храна, наспроти поглавјата во  кои стагнираме или напредуваме многу бавно како што е поглавјето 22: Регионална политика и координација на структурните инструменти, како и поглавјето 32: Финансиски и буџетски одредби. Загрижуваат континуираните констатации за намален капацитет за користење на средствата од фондовите на ЕУ и доцнења во спроведувањето на најзначајните проекти.

КЛАСТЕРОТ 6: НАДВОРЕШНИ ОДНОСИ бележи напредок поради зголемената усогласеност со позициите на ЕУ (96 %) и нашето учество во ЕУ мисии. И натаму, недостига рамка за политика за развојната и хуманитарната помош.

ПОЗИТИВНИТЕ ПРИМЕРИ кои континуирано бележат добри резултати остануваат поглавјето 12: Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика и поглавјето 29: Царинска унија. Поглавјето 12 има добро ниво на подготвеност, што се одржува од 2016 година, но оваа година, како и минатата и „добар напредок“. Ова е особено значајно, имајќи ја предвид комплексноста на
поглавјето (често се смета и за најтешко поглавје за примена на acquis). Слична е ситуацијата и со поглавјето 29: Царинска унија, во кое имаме исто добар напредок, а Комисијата констатира дека законодавството во областа на царината Е НА ВИСОКО НИВО на усогласеност со европското acquis.
Во овој извештај се забележани и неколку предупредувања за случаи на неусогласеност со Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Генерално, во однос на оценките за подготвеноста во поглавјата нема промени од 2019 година, а сосема мал во однос на годините пред тоа. Иако во истиот период бележиме напредок, особено во одредени поглавја, тој не се рефлектира во пораст на оценката за подготвеноста за преземање на обврските од членството. Оваа состојба е одраз на долгорочната природа
на пристапниот процес, континуираното менување на европското законодавство, но и на генералниот недостаток на политичка поддршка во ЕУ за процесот на проширување. Од аспект на држава кандидат ваквиот пристап не обезбедува импулс за реформи.