Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интерпелација: Опозицијата обвинува за неисполнети изборни ветувања

0
By Нова ТВ on April 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 11, 2018 17:16

На денешната собраниска седница на чиј дневен ред е интерпелацијата за Владата на премиерот Зоран Заев., пратениците од ВМРО ДПМНЕ упатија критики за неисполнети ветувања од изборната програма и за влошувања на состојбата во економијата.

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека на опозицијата и е суспендирано правото за поднесување амандмани истакнувајќи дека единствена работа за една година на новата власт е донесениот Закон за јазици.

Според Ѓорчев, Владата не испорачува никави резултати во економијата каде сите индикатори се влошуваат.

– Ќе пуштате пат што е готов пред една година, а абер немате за правење нови. Не е отворена ниту една фабрика, стагнираат платите и пензиите, рече Ѓорчев, критикувајќи ја власта и за состојбата во кавадаречки ФЕНИ и тетовски Југохром.

Реплицирајќи, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, рече дека  ФЕНИ работи со полна пареа од 1 март, сите работници одат на работа и земаат плата.  Јавноста,  потенцираше Анѓушев, треба и да знае како настана ФЕНИ, од каде не се поднесувале завршни сметки две години во времето на претходната власт.

– ФЕНИ некој го однесе во стечај, ама има чесни луѓе во оваа држава што ФЕНИ го спасија од стечај, рече Анѓушев, посочувајќи им на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека „толку не разбираат економија што во критики упатени до него всушност го фалат“.

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, пак, забележа дека новата Влада стартувала со 133 милиони евра само за камати од долгови кои  ги создала претходната власт.

– Денеска имавте многу зборови, а ниту една бројка. Немате ниту една бројка заради тоа што не можете да и објасните на јавноста како очекувате една влада за не помалку од 10 месеци да го сработи тоа што го упропастивте за повеќе од 11 години, рече Шекеринска.

Шекеринска рече дека многу граѓани, без разлика за кого гласале дури и тие кои гласале за сегашната власт имаат огромно незадоволство, кое доаѓа од тоа што, како што рече, ќе видат десетина луѓе потпишани на списокот за интерпелација, а се уште не ги добиле стоте години робија што ги заслужиле.

Во контрареплика Влатко Ѓорчев, праша дали за тоа што го зборува Шекеринска ќе одговараат функционери од ДУИ.

– И да било така, се да е така како што кажавте ќе одговара ли еден функционер од ДУИ. Нема зошто ќе ви падне Владата и затоа што по секоја цена сакате да ја одржите Владата.  Нема трул компромис кој нема да го направите, рече Ѓорчев.

Поддршка на работењето на Владата даде пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, кој оцени дека не  е издржан ниту еден навод од интерпелацијата на пратениците од  ВМРО-ДПМНЕ. Смета дека неможе да има издржана  интерепелација на пратенците од ВМРО-ДПМНЕ без да се оградат од политиките на претходното раководство.

Како што наведе Мисовски, не се точни наводите на ВМРО-ДПМНЕ дека Владата не ги реализира изборните ветувања затоа што биле донесени законите за радиодифузна такса, за стечајни работници, за минимална плата, укинато е екстерно тестирање…

Ги отфрли и обвинувањата за отпуштени 600 лица и потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ и неговите градоначалници оставиле долгови од над 400 милиони евра кои сега мора да се враќаат.

интерпелација Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.