Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ: Скопје може поинаку – чист воздух, паметен град и екологија како иднина

0
By Marija Todorovska on September 11, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 11, 2025 10:18

Прв ден – итно оградување и целосно обезбедување на Вардариште. Воведуваме 24-часовна физичка и технолошка контрола. Ниту грам отпад нема да се внесе таму без знаење на градот.

Нова: Г-ѓа Шукова, вашиот противкандидат Орце Ѓорѓиевски предлага парк и игралишта на Вардариште. Вие, пак, зборувате за итно расчистување, безбедност и системско решение. Зошто сметате дека вашиот пристап е поиздржан?

Шукова: Не се прават паркови врз еколошка бомба. Вардариште денес е дива депонија што не смее да се игнорира. Горен отпад, токсичен чад, зарази – тоа е реалноста. Мојот план е реален – во првите две години ќе се расчисти теренот со безбедни, иновативни методи прилагодени на нашите услови. Ќе примениме најдобри европски практики, не флоскули.

Ѓорѓиевски четири години немо гледа како се трујат над 150.000 граѓани. Сега ветува парк? Тоа е потценување на интелигенцијата на Скопјани. Прво мора да го решиме коренот на проблемот – отпадот, па дури потоа да зборуваме за урбано уредување. Ова не е козметика. Ова е прашање на живот или болест.

Нова: Велите дека екологијата не е само проблем, туку и можност. Како точно Вардариште може да стане симбол на циркуларна економија и иновативна еколошка политика?

 Шукова: Вардариште може да стане пример како една катастрофа се претвора во ресурс. Ќе го намалиме отпадот уште во првата година преку селекција и преработка. Потоа, со меѓуопштинска соработка, ќе изградиме рециклажни погони и компостари – различни за секоја општина.

Органскиот отпад ќе го претвораме во ѓубриво, градежниот шут во материјал за санирање на улици. Тоа значи приход за општините, помали комунални трошоци за граѓаните, и – конечно – почисто Скопје. Тоа е визија, не импровизација.

Нова: Младите денес се најгласни кога станува збор за климатската криза. Како вашиот план директно ги вклучува во решенијата за животната средина?

 Шукова: Младите не се само иднина – тие се активна сила на сегашноста. Затоа, во мојата визија, тие се директни партнери. Планираме дигитална платформа – „Зелен дигитален близнак“ – каде што во реално време ќе се следи квалитетот на воздухот, загаденоста, бучавата и сообраќајот. Тоа е технолошка иновација што младите ја разбираат, ја бараат и ќе ја користат.

Ќе добијат и „еко-карта“ со поени за секој еко-гест – од рециклажа до користење јавен превоз – и ќе можат да ги заменат за билети за култура, спорт или други јавни услуги. Екологијата не е товар, таа е можност – ако почнеме сега, има иднина.

Нова: Вардариште постојано гори. Што точно ќе преземете од првиот ден за да престане труењето на скопјани?

Шукова: Прв ден – итно оградување и целосно обезбедување на Вардариште. Воведуваме 24-часовна физичка и технолошка контрола. Ниту грам отпад нема да се внесе таму без знаење на градот.

Ова ќе биде поддржано од советничката група на СДСМ – ќе побараме итна седница на Советот на Град Скопје, бидејќи мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ сега молчи. Не смееме повеќе да чекаме. Здравјето на граѓаните не е партиска тема, туку човеково право.

Нова: Што правиме со другите мини депонии и комуналниот хаос што го затрупа Скопје последниве години?

 Шукова: Мојот план е за цел град, не само Вардариште. Ќе ги исчистиме сите мини депонии, а отпадот ќе се селектира уште од дома, преку нови канти што ќе ги постави Градот.

Секоја општина ќе има своја функција: една ќе преработува пластика, друга метал, трета органски отпад. Ќе вклучиме циркуларна економија и од отпад ќе создадеме ресурс, од хаос – ред. И што е најважно, ќе овозможиме помали сметки за граѓаните и почист воздух за сите.

Нова: Вашата програма содржи и креативни решенија како микро шуми, зелени кровови, уметност и дигитализација. Дали навистина овие идеи се применливи во Скопје или се само убави на хартија?

Шукова: Не само што се применливи, туку тие се неопходни. Микро шуми ќе засадиме во густо населени маала – Miyawaki модели со овошни дрвја, достапни за сите. Зелените покриви ќе ги субвенционираме за да станат мини паркови на зградите. Тоа го намалува загадувањето и температурата.

Ќе направиме и прв Zero Waste пазар во Скопје – пазар без отпад, со биоразградлива амбалажа и компостирање. Уметноста ќе биде дел од решението, мурали што прочистуваат воздух и интерактивни инсталации што визуелизираат загадување. Со овие проекти не го разубавуваме градот, туку го лекуваме.

Нова: Која е Вашата порака за Скопјани ?

 Шукова: Скопје денес не може да чека. Не е време за празни ветувања, туку за храбри, системски решенија. Сакаме град каде што децата ќе играат, а не да кашлаат. Град каде отпадот не не труе, туку создава вредност. Со визија, знаење и волја можеме да го вратиме воздухот, зеленилото и достоинството на Скопје и Скопјани.

интервју Каја Шукова НОВАТВ Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.