НоваТВ ги покани на интервјуа, кандидатите за градоначалници на скопските општини и Градот Скопје, од сите поголеми партии и независни листи. Оние што досега одговорија позитивно на нашата покана, интервјуата ги емитуваме по редослед на одговарање.

Велимир Смилевски во трката за нов градоначалнички мандат пред Бутелчани ветува ново училиште, градинка, Полициска станица. Вели од општината направил вистинска мултиетничка и мултикултурна средина,општина за сите, што е и дел од неговиот вредносен систем. Животното мото му е “Одиме понатаму!”, надградено во “Одиме понатаму, во нови победи!” . Пасија му е реставрирањето и грижата за старите автомобили на кои речиси им го посветува целото слободно време. Ги полирам, ги поправам, постојано нешто чепкам на нив и на нив знам да „потрошам“ по неколку часови пребарувајќи делови на интернет. За себе вели е емотивен човек..

НоваТВ: Градоначалниче Смилевски во тек е изборната кампања за први луѓе на Единиците на локалната самоуправа. Вие се кандидиравте повторно. Зошто?

Бутел се сака или не се сака! Јас сум од овие првите. А и чувството мора да е взаемно. Од таму произлегува и желбата да се направи нешто за развивање на урбана и модерна општина, тоа кон што тежнеев во мојот досегашен ангажман на челното место на локалната администрација во Бутел, тоа и сум го докажал. Желбата за развоен и урбан Бутел, како и секојдневната поддршка од граѓаните, е мојата инспирација за повторна кандидатура за градоначалник на Општина Бутел. Од друга страна, од поделена и разделена општина, Бутел го обединивме. Сега Бутел е општина и на Македонците и на Албанците, Турците, Бошњаците, Власите, Србите и Ромите и во таа насока ќе продолжам да ја негувам како и досега мултиетничноста и мултикултурализмот во општината. Јас сум роден бутелчанец и знам што значи тоа заедништво, кое што мене ми е допонителен импулс за оваа кандидатура.

НоваТВ: Кандидатурата е ваша лична желба или на партијата во случајот СДСМ, иако во периодот пред финалната одлука, прашањето за кандидати за градоначалници беше искомуницирано и со базата, па претпоставуваме дека поддршка имате и од сопартијците?

Ја имам безрезервната поддршка од сопартијците, тоа е повеќе од очигледно – и во текот на одлучувањето пред објавување на кандидатурата, како и сега, во кампањата. Меѓутоа, тоа е помалку важната работа. За мене најважната поента е тоа што ние како СДСМ делиме исти генерални вредности, исти човечки врености, имаме иста идеја да направиме развиени локални едници, да креираме рамноправно, едно општство за сите.. Тоа е и мојот личен вредносен систем.

НоваТВ: Со што можете да се пофалите периодов а кое мислите дека жителите на општина Бутел, ќе знаат позитивно да ви го вреднуваат, за повторно да ве изберат?

За време на моето градоначалствување, Бутел се градеше и се развиваше во пошироките граници, дури на места каде што не е фрлена ниту една лопата, каде што не е ставен ниту метар асфлт во последните 30 години. Ние го слушавме гласот и потребите на народот. На пример, кој го посетил селото Љуботен знае за што зборувам. И во следниот период Бутел ќе се гради и ќе се равива заедно со граѓаните, ќе ги следи нивните потреби, плански и заеднички ќе се пристапува кон решавање на проблемите. И понатаму одговорно ќе работиме да обезбедиме еднаквост за сите жители без разлика на пол, вера и националност. Бутел се гради со инфраструктура и со градби адаптирани на потребите на жителите. Како и со квалитетни услуги за сите, што значи и за урбаниот и за руралниот дел. Инвестиравме насекаде: од инфраструктурен карактер, од сферите на обазование, локален економски развој, до млади и спорт, социјала и сите останати сфери од секојдневното живеење на бутелчани, како и за градење на економски просперитетна општина. Знаете, Бутел е малку специфична општина, со специфичен менталитет, знаеме да кажеме ние бутелчани. Тој што е на ова место, мора внимателно да го слуша гласот на народот, да комуницира и да реагира брзо, да решава, да сплотува, а не да разделува.

НоваТВ: Што е она што прво би го направиле за Бутел, доколку повторно ја добиете поддршката и имате ли посебно омилени проекти?

Најбитна е инфраструктурата, таа носи инвестиции, инвестициите носат раст, тоа е толку едноставно. Така што го раширивме сообраќајниот крвоток на Бутел, во два клучни проекти од заеднички интерес и непосредна соработка со Градот Скопје! Пуштен е во сообраќај новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош. Втор важен момент е пуштањето во употреба на новопроекрираниот булевар Босна и Херцеговина, кој се спојува со булеварот Словенија. Со ова се создадоа услови за сериозен развој на инфраструктурата, но и сериозен економски развој и просперитет на Бутел. Станува збор за целосно нов булевар со цела странична инфраструктура како во секоја модерна општина во Европа, да речеме. За потсетување, некогашната улица Босна и Херцеговина е изградена пред четириесетина години, од тогаш асфалтот не е променет, а улицата била широка само седум метри! Покрај добрата инфраструктура, за една општина е важно да ги задоволува потребита на траѓаните и да биде вистински сервис за нив.Приоритет ќе ми биде завршување на веќе отпочнатите капитални објекти, кои ќе значат подобар живот и подобри услуги за граѓаните. За моето ветување дадено за изградба на нова поликлиника, изминатиов период имаше многу дезинформации. За жал, тие произлегоа од кујната на политичкиот противник, кој во желба и очај да освои глас плус, го спушти нивото на комуникација, ја злупотреби несреќата во Тетово и на тој начин се обиде да го минимизира обидот жителите на Бутел да добијат пристојно место во кое ќе им биде укажана примарана здравствена заштита. Во моментов, поставен е модуларен објект, кој е само времено решение,имајќи ја во предвид катастрофалната состојба во која беше амбулантата. И ова е само преодно решение кон целосно заокружување на здравствените потреби на бутелчани, во објект соодветен на намената за секундарна здравствена заштита. Следен проект, ќе биде стартот со градба на училиштето во Визбегово, за кое веќе има издадено одобрение за градба и се чека завршување на тендерската постапка, планирано за 12 октомври оваа година, од страна на Министерството за образование. Што се однесува до градинката во ОУ Климент Охридски, во Бутел 1, веќе е потпишан договор со ТАВ и со Владата, за што се обезбедни 700.000 евра и во тек е изработка на основниот проект, по што следува издавање на одобрение за градба. Во врска со Полициската станица и Противпожарниот пункт, во месноста Расадник, за ние е вцртана маркичката во ДУП-от и се наоѓа во фаза на одобрување во Министерството за транспорт и врски. И за оваа капитална инвестиција средствата се обезбедени.

НоваТВ: Што е она што најмногу ви пречи во општина Бутел. Бидејќи сте градоначалник што по втор пат се кандидира за оваа позиција, има ли нешто што си забележувате на себеси дека сте можеле подобро и побрзо да го направите?

Знаете, многу е тешко кога ќе седнете во канцеларија и четири години треба да се занимавате со поставување на стандарди на работа, за работи што не се завршувале во општината две и кусур децении. Најнапред, моравме да ги поставиме работите на нозе, затоа што ВМРО ДПМНЕ тоа не го стори 12 години по ред. Тие вкупно изработија осум ДУП-ови за тој период, а ние донесовме осум ДУП-ови и 21 во фаза на разгледување. Да им ветувате на граѓаните дека ќе направите поликлиника, а да не им кажете дека таа прво треба да се впише и соодветно да се планира, како и да се обезбедат средства за тоа, е класична лага и манипулација! Тоа е едната страна на медаљата.Другата страна е дека токму заради ова што го кажав погоре, дел од тоа што требаше да се направи, доби поспора динамика. И покрај ова, работите ги движиме напред! Меѓутоа, не треба да заборавиме дека ние сме единствените што не ветиле 250 проекти, а реализирале 250 и повеќе!

НоваТв: Нашето последно прашање е лично. Како би се опишале себеси. Што е она што ве радува и растажува, кое е вашето хоби, пасија, нешто без што не можете. Кој жанр книги ви се омилени,која музика,кој филм а секако јавноста ја интересира и вашето животно мото?

Ме радуваат и ме растажуваат човечки судбини. Во суштина, јас сум емотивец, емпатичен, сочувствувам и се радувам заедно со со луѓето. Оттука и сакам да помагам во рамките на моите можности, а мојата бизнис позадина тоа и ми овоможи. А, кога ме прашувате за хоби, за мојата пасија можам да зборувам со денови и ноќи: Тоа е реставрирањето и грижата за стари авотмобили. Секое слободно време, особено во неделите, одвојувам по некој час за нив, па ги полирам, ги поправам, постојано нешто чепкам на нив. А, знам и по неколку часа навечер да барам стари делови на интернет, де свеќички, де некој браник за опелот и така натаму. Животното мото ми е “Одиме понатаму!”, ама надградено во “Одиме понатаму, во нови победи!”.

М.Т.