Долгото 17минутно интервју на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски објавено вечерва на Сител, предизвика многу реакции на социјалните мрежи.
Во овој разговор Груевски рече дека околу 3.000 волонтери, војска и полиција се на терен, од кои најголем дел се и од ВМРО-ДПМНЕ, активисти и членови кои по повик на партијата и на општинските комитети заминаа таму и секојдневно се таму.
Реакциите на “твитерџиите” беа остри.
Актерката Синоличка Трпкова на Фејсбук за ова интервју напиша:
“Никој веќе не сака да го гледа. Тоа се слуша и забележува. Дури ни тие што ги вработил, но тој им е единствена гаранција за бедната плата и државното работно место. Добро платени медиумски лешинари, стотина блујачи на социјални мрежи, малку ебр и црнокошуљаши да одржуваат страв. “Вмро до гроб”, ако добро размислам, има најмногу логика во овој апсурдистан.”