Едно лице загина, откако авион со 42 патника се лизна од пистата во Алјаска, соопштија локалните власти. Во авионот на компанијата „Пенинсула Ервејс“, кој полетал од Енкориџ, се наоѓале 39 патници и тројца членови на екипажот.

„За време на слетувањето, авионот се лизнал од пистата пришто животот го загуби 38 годишен маж од Вашингтон“, соопшти полицијата. Истрагата за причините за инцидентот е во тек.