Неколку лица се ранети во вооружениот инцидент во средно училиште во градот Грас на југот на Франција. Полицијата уапсила едно лице.

Според локалните власти на Грас, не се работи за терористички напад, туку за инцидент во врска со двајца ученици од училиштето, откако француските власти претходно преку нивната мобилна апликација предупредија од тероризам.

Според полицијата напаѓачот со повеќе парчиња оружје влегол во училиштето и почнал да пука, при што ранил најмалку двајца. Притоа едно лице е уапсено, а за уште едно се трага.

Локалните власти ги предупредија жителите да не излегуваат од домовите, а пристапот до сите школи во Грас е блокиран.

Министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казњев ја прекинал работната посета поради овој инцидент, но и поради експлозијата на писмо бомба претходно во канцеларијата на ММФ во Париз при што е повредено едно лице.