Ирак привремено ја укина дозволата за емитување на британската агенција „Ројтерс“ по објавена сторија во која се тврди дека бројот на заразени со коронавирусот во земјата е поголем од официјалните податоци.
Ирачкото регулаторно тело за медиуми (ЦМЦ), според „Ројтерс“, привремено ја одземало лиценцата на агенцијата на три месеци и ја казнила со 21 милион ирачки динари (околу 21.000 американски долари) за прекршувања на правилата за медиумско известување.
„Ројтерс“, исто така, доби наредба од ЦМЦ и да издаде официјално извинување за јавноста поради објавената вест.