Телото задолжено за избор на новиот врховен лидер на Иран донесе одлука, соопштија членовите во неделата, иако името сè уште не е објавено, пренесуваат новинските агенции.
Најсоодветниот кандидат, одобрен од мнозинството во Собранието на експерти, е одреден, рече Мохсен Хејдари, член на телото за избор кој ја претставува покраината Хузестан, според иранската новинска агенција ИСНА. Друг член, Мохамед Мехди Мирбагери, потврди во видео објавено од иранската новинска агенција Фарс дека „е постигнато цврсто мислење кое го одразува мнозинскиот став.
Врховниот лидер на Иран е избран од страна на 88-членото тело на високи свештеници кои се избираат со гласање на народот.
Ајатолахот Али Хамнеи, кој владееше со Иран со децении, беше убиен во заеднички воздушни напади на САД и Израел на 28. февруари во првиот пламен на војната која сега е во нејзиниот деветти ден.
Во нападите на САД и Израел во Иран загинаа 200 деца и околу 200 жени, соопшти иранското Министерство за здравство во неделата. Тие се меѓу повеќе од 1.200 луѓе убиени во војната, изјави портпаролот Хосеин Керманпур во објава на социјалните мрежи. Тој рече дека повеќе од 1.000 други, вклучувајќи околу 400 жени, се повредени откако избувнаа борбите на 28 февруари.




