Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иран призна: Ненамерно го соборивме украинскиот авион

0
By Нова ТВ on January 11, 2020 СВЕТ
Фото: businessinsider.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 11, 2020 12:03

Иранскиот претседател Хасан Рохани и министерот за надворешни работи, Џавад Зариф признаа дека иранската војска го соборила украинскиот патнички авион, но тврдат дека несреќата се случила поради „заканите, насилничкото однесување и авантуризмот на САД“.

Рохани на Твитер напиша дека внатрешната истрага на оружените сили заклучила дека поради човечка грешка, за жал, е соборен украинскиот авион, додавајќи дека истрагата ќе продолжи и одговорните ќе бидат процесуирани. Тој им изрази сочувство на семејствата на жртвите и повика на сеопфатна истрага.

И министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф, исто така, изрази огромно жалење.

„Тажен ден. Поради човечка грешка, предизвикана од авантуризмот на САД, се случи несреќата“, напиша Зариф на Твитер, изразувајќи „длабоко жалење, извинување и сочувство до народот, семејствата на жртвите и останатите засегнати народи“.

Иран денеска соопшти дека војската „ненамерно го соборила“ украинскиот патнички авион, нагласувајќи дека станува збор за човечка грешка.

Фото: israelnationalnews.com

Во соопштението на иранската војска се наведува погрешна проценка дека авионот бил „непријателска мета“, бидејќи леталото го насочило движењето кон „чувствителниот воен центар“ на Револуционерната гарда.

Иранската војска упати извинување, нагласувајќи дека ќе ги усоврши своите системи со цел во иднина да се спречат такви трагедии.

Фото: foxnews.com

Признавањето следело откако американски и канадски официјални претставници истакнаа дека е „многу веројатно“ иранска противавионска ракета да го соборила авионот, што Техеран на почетокот го демантираше, нарекувајќи ги таквите трдења „огромни лаги“.

Украинскиот авион беше соборен во средата, неколку часа по иранското ракетирање на две воени бази во Ирак кои ги користат американските сили, како одмазда за убиството на најмоќниот ирански генерал, Касим Сулејмани. Во несреќата загинаа 176 патници и членови на екипажот, повеќето државјани на Иран или Канаѓани со иранско потекло.

авион грешка Иран Соборување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.