Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иран возвраќа со дронови, Израел тврди дека досега сите ги соборил

0
By Zoran Ivanov on June 13, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи изјави дека Израел може да очекува сериозна казна за денешните воздушни напади врз Иран, во кои биле погодени нуклеарни постројки, фабрики за оружје и командни центри на војската.

Израел изврши злосторство во нашата драга земја денеска. Неговите воени сили нема да поминат неказнето. Со ова злосторство, ционистичкиот режим нека се подготви за горчлива, болна судбина, што дефинитивно му следува, кажа Хаменеи.

Во знак на одмазда, Иран лансирал стотина дронови кон Израел, кои сите биле пресретнати, објавија Израелските одбранбени сили (ИДФ). Израел прогласи вонредна состојба во очекување на ирански воздушни удари.

Од израелската војска кажаа дека се погодени десетици нуклеарни и воени мети, вклучувајќи ја главната иранска постројка за збогатување ураниум во Натанз. Најновите информации велат дека меѓу загинатите се шестмина ирански нуклеарни научници.

Израел ќе ги елиминира своите непријатели. Прецизното таргетирање на високи команданти на Револуционерната гарда и иранската војска и на нуклеарните научници, сите кои беа вклучени во унапредувањето на планот за уништување на Израел, испраќа силна и јасна порака: оние кои работат на уништувањето на Израел ќе бидат елиминирани. Иран ќе плаќа сѐ поголема цена колку подолго ги продолжува своите агресивни дејствија против Израел, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху претходно кажа дека ја започнал операцијата „Исправен лав“, чија цел е отстранување на иранската закана по опстанокот на Израел.

На воздушните напади им претходеле тајни активности на командоси на Мосад длабоко на територијата на Иран, изјави извор од израелските безбедносни служби. Тие вклучувале распоредување на прецизно водено оружје на отворени површини во близина на иранските ракетни системи земја-воздух и воспоставување база за беспилотни летала близу Техеран.

 

Дронови Израел Иран
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.