Најмалку 10 лица загинаа во ирански напад врз рафинерија во израелскиот град Хаифа, каде што избувна пожар, објави иранската новинска агенција IRNA.
Додаде дека нападот предизвикал прекин на електричната енергија во населбите во Галилеја, во северен Израел.
IRNA соопшти дека ракети биле лансирани кон Израел од неколку ирански градови, вклучувајќи ги Шираз, Кашан, Ком и Лорестан.
Иранската државна телевизија соопшти дека вториот бран напади како дел од Операцијата „Вистинско ветување 3“ бил комбинација од беспилотни летала и повеќе од 100 ракети.