Амбасадата на Иран во Русија денес објави дека иранскиот парламент одобри договор за сеопфатно стратешко партнерство со Русија.
Претседателот на парламентот Мохамед Багер Галибаф го испрати одобрениот „Сеопфатен договор за стратешко партнерство со Русија до претседателот на земјата Масуд Пезешкијан во форма на закон“, објави амбасадата на својот Телеграм канал.
Претходно, Советот на чуварите на Уставот на Иран – специјално тело за надзор кое ја разгледува усогласеноста на нацрт-законите со уставот и исламското право – го одобри договорот со Русија откако беше ратификуван од иранскиот парламент.