Времето утрово беше свежо, а преку ден ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени, а максималната од 27 до 32 степени.
Во Скопје, сончево и топло. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност што ќе се зголеми кон крајот на денот. Од вторник ќе настапи значителна промена на времето. Ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури значително ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината.