Денеска во Србија се одржуваат претседателски избори. Во трката учествуваат 11 кандидати, меѓу кои има хашки осуденик, поранешен народен правобранител, имагинарен лик, поранешен претседател на Генералното собрание на ОН… Дел од нив се со богато политичко искуство, а дел се дебитанти на политичката сцена. Според последните анкети води актуелниот премиер Александар Вучиќ. Обложувалниците веќе имаат коефициенти за тоа кој ќе биде победникот.
Еве ги нивните биографии.
Александар Поповиќ
Роден 1971 година во Белград. Средно училиште завршил во Москва, а студирал хемија во Белград.Магистрирал на Флорида на Стејт Јуниверзити. Вработен како професор на Хемискиот факултет во Белград, каде докторирал во 2002 година. Автор е на 50 научни трудови.
Политичка кариера
Од 1992 година е член на Демократската партија на Србија.
(2004-2007) Министер за наука и заштита на животната средина
(2007- 2008) Министер за енергетика.
Приватен живот
Оженет е и има две деца. Југословенски атлетски репрезентативец и рекордер. Трчал за Црвена ѕвезда, Динамо од Москва, белгискиот Ексцелзиор и Универзитетот во Флорида.
Милан Стаматовиќ
Роден е 1960 година во Чајетина. По професија е технолог-техничар. Работел во „ПК Златибор“ и „ИМР Белград“.
Политичка кариера
Градоначалник на Чајетина – член на Српска напредна странка , „Друштво Сава“ заедно со Вук Драшковиќ и Воислав Шешељ. Во 2000 година е член на Општинскиот одбор на ДСС Чајетина. Во 2010 станува член на Претседателството на оваа партија. Во 2014 заедно со Ненад Поповиќ ја основа Српска народна партија. Во 2017 ја напушти СНП и го поддржа Александар Вучиќ. Истата 2017 година го формираше Здружението „За здрава Србија“.
Приватен живот
Оженет е и има две деца. Против него беше отворена истрага, бидејќи е обвинет дека ја оштетил државата за 50 милиони евра.
Саша Јанковиќ
Роден е 1970 година во Лозница. Во 1996 година дипломирал на Правниот факултет во Белград. Во 2005 година завршил Специјалистички студии за безбедност на Факултетот за политички науки. Од 1994-1997 е новинар во агенцијата Бета. Од 1997-2003 вработен во Министерството за спорт. Во 2003 е советник во Одделот за демократизација на Мисијата на ОБСЕ во Белград. Во 2007 е Народен правобранител во прв мандат, а во 2012 е избран на истата функција во втор мандат.
Приватен живот
Во ноември 2016 година 100 јавни личности потпишаа апел за Јанковиќ да се кандидара за претседател како независен кандидат. На 5 март 2017 година кошаркарскиот тренер Душан Ивковиќ и група граѓани „За Србија без страв“ со 17.866 потписи ја поднесоа официјалната кандидатура на Јанковиќ за претседател. Добитник е на многу национални признанија.
Бошко Обрадовиќ
Роден е 1976 година во Враничи кај Чачак. Во 2002 година дипломирал на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Белград. Основач на студентското гласило „Двери српски“. Главен уредник во издавачката куќа Катена Мунди.
Политичка кариера
2012 носител на листата на локални избори во Чачак
2015 избран за претседател на Српското движење Двери
2016 носител на листа на Двери – Демократска партија на Србија – станува пратеник
Приватен живот
Обрадовиќ се занимава со публицистика, автор е на над 100 текстови. Оженет е и татко на четири деца.
Александар Вучиќ
Роден во 1970 година во Белград. Во 1994 година, година дипломирал на Правниот факултет на Белградскиот Универзитет. Во 1996 година е директор на Трговскиот центар „Пинки“ во Земун. Во 1996 година е министер за информации во Владата на национално единство.
Политичка кариера
Од 1993 година е член е на Радикалната партија. Во 1993 година е избран за пратеник во Парламентот и за Генерален секретар (1993-2008). Три мандати бил пратеник во Сојузното Собрание на СРЈ. Кандидат за градоначалник на Белград. Во 2008 година со Томислав Николиќ ја основа Српската напредна партија, каде е избран за потпретседател. Во 2012 година е именуван за министер за одбрана и потпретседател на Владата Во 2012 година застанува и на чело на Српската напредна партија.
(2012 -2013) министер за одбрана во Владата
Од 2014 година е избран за премиер, функција на која останува и по изборите во 2016.
Приватен живот
Вучиќ е оженет и татко на две деца.
Вук Јеремиќ
Роден 1975 година во Белград. Дипломирал теориска и експериментална физика на Универзитетот Кембриџ и магистрирал државна администрација и меѓународен развој на Харвард. Работел во „Дојче банк“ во Лондон, “Дрезденер бенсон банка“ и во фармацевтската компанија „Астра зенека“.
Политичка кариера
Во 2000 година, именуван е за советник на министерот за телекомуникации, а потоа и на министерот за одбрана. Во 2004 година шеф е на тимот за надворешна политика на Претседателот на Србија.
(2007 -2012), министер за надворешни работи
Во 2016 година е кандидат на Србија за Генерален секретар на Обединетите нации.
(2004 -2013), член на Демократската партија
Од партијата е исклучен поради неговиот претседателски мандат во Генералното Собрание во ОН.
Приватен живот
2013 година, Светскиот економски форум го именува за „Глобален млад лидер“. Основач и претседател на Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој. Оженет е со новинарката Наташа Јеремиќ.
Мирослав Паровиќ
Роден 1984 во Зренањин. Факултет за технички студии завршил во Нови сад. Работел на бројни проекти од својата струка и напишал многу стручни и научни трудови од областа на електроенергетиката.
Политичка кариера
Претседател е на советничката група Трета Србија во Собранието на Нови сад и советник на градоначалникот за енергетика.
Приватен живот
Паровиќ е оженет, а со својот начин на живот прокламира концепт на активен патриот
Ненад Чанак
Роден во 1959 во Панчево. Завршил Економски факултет во Суботица и специјализирал глобален маркетинг. Работел во „Нафтагас“ и „ Јутел“. Држел предавања на универзитите Јеил, Кент, Њу хевен и Колумбија.
Политичка кариера
1997 година, станува пратеник во Народното собрание на Србија на листа на коалицијата Војводина.
(2000-2007) пратеник е во Собранието на Војводина
2012 година, избран е за пратеник во Парламентот на Србија, истата година поднел оставка.
2014 година, повторно влегува во Собранието како пратеник
Од 1990 година е претседател е на Лигата на социјалдемократите на Војводина. Никогаш не бил член на друга политичка организација и никогаш не се сретнал со Слободан Милошевиќ.
Приватен живот
Татко е на еден син.
Саша Радуловиќ
Роден во 1965 година во Сараево. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Сараевo. Првото работно место го добил во „Сименс“. Бил активен учесник на Силиконска долина.
Во Србија се вратил во 2005 година. 2006 година, добива лиценца за стечаен управник и станува финансиски експерт на Обвинителството за стечај и берза
Политичка кариера
Министер за економија во Владата на Србија, но излегува од Владата и го формира движењето „Доста беше“. Во 2016 година, станува пратеник и поднесува бројни уставни иницијативи и кривични пријави против Александар Вучиќ.
Воислав Шешељ
Роден 1954 година во Сараево. Основно училиште завршил во експериментално одделение, а потоа се запишал во гимназија. Во 1976 година, дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Сараево. 1977 година, магистрирал на правниот факултет на Универзитетот во Сараево. 1979 година, докторирал на Правниот факултет во Белград
(1981-1984) работел како асистент на Факултетот за политички науки во Сараево
Политичка кариера
Во 1991 година, станува основач и претседател на Српска радикална странка. 10 години бил пратеник и четири пати кандидат за претседател на Србија. Бил потпретседател на Владата на Србија од 1998-2000.
(1996 – 1998) претседател на општина Земун
(2003-2014) е во притвор во Меѓународниот суд во Хаг
(2014-2016) пуштен на привремена слобода
Во 2016 година е ослободен од вината.
Лука Максимовиќ
Најмладиот кандидат на изборите. Роден 1991 година во Белград. Студент е на факултетот за медиуми и комуникации. Кандидат на група граѓани „Бели – само јако“. 25 годишниот Лука на изборите делува како алтер его Љубиша Прелетачевиќ Бели – измислена личност чија цел е да го исмева политичкиот систем.
Политичка кариера
Сатиричната политичка група во вид на движење „Бели-само јако“, на минатите локални избори во Младеновац освои 12 советнички места. Неговиот влез во политиката бил само шега, но сфатил дека би требало да ја искористи енергијата и еуфоријата.
-Можам да бидам носител на општествени промени. Можеби вие мислите дека сме лудаци, но ние стварно мислиме дека ова е ок метод, вели тој.
Приватен живот
Максимовиќ е поранешен борач, а бил и репрезентативец во американски фудбал. Аматерски се занимава со глума. Пред да влезе во политика, снимал видео клипови за јутуб каналот „Сарму ниси пробо“.