Министерството за правда ги испратило документите за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски до грчките власти, потврдија од Министерството за МИА.

Судењето на Грујевски и Бошковски во Солун е закажано за 1 декември.

Од Министерството посочуваат дека не се знае кога може да се очекува нивната екстрадиција во Македонија.

Грујевски и Бошкоски се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

Македонските власти по нив имаа распишано меѓународни потерници, а тие се уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.