Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ист број поени – ист проблем: Македонија тапка во зоната на висока корупција

0
By Zoran Ivanov on February 10, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 10, 2026 12:42

Македонија и во 2025 година останува заробена во зоната на висока корупција. Со 40 поени од можни 100, земјата не бележи никакво реално подобрување на Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешенел, иако формално се искачи четири места погоре – на 84. позиција меѓу 182 држави. Напредокот во рангирањето сепак не е резултат на реформи, туку на падот на други земји што лани биле подобро пласирани.

Фактот дека резултатот е идентичен со минатогодишниот јасно покажува дека борбата против корупцијата стагнира, а Македонија веќе втора година по ред не успева да направи исчекор од долготрајниот просек од околу 40 поени.

Според резултатот од 40 поени, Македонија годинава е на исто рамниште со Бугарија и Унгарија – земји кои, за разлика од нас, бележат пад и во поени и во довербата во институциите. Ваквиот распоред ја позиционира земјава во групата држави кои со години се борат со системска корупција и слаба институционална отчетност. Со истиот број поени се и Буркина Фасо, Куба и Танзанија, кои исто така бележат пад. Само Гвајана, во ова друштво, постигнала напредок.

Сликата не е пооптимистичка ниту во регионот. Албанија е на 91. место со 39 поени, Србија падна на 116. позиција со 33 поени, а Босна и Херцеговина е 109-та со 34 поени.

Косово, иако е подобро пласирано од Македонија – на 76. место – исто така бележи пад и има 46 поени. Црна Гора останува релативно најдобро рангирана во непосредното опкружување со 46 поени и 65. место, без промена во однос на лани.

Од поранешните југословенски републики, Словенија значително отскокнува со 58 поени и 41. позиција, иако и таму има влошување во споредба со минатата година.

На врвот на листата и понатаму доминираат држави со силни институции и висока транспарентност. Данска останува прва со 89 поени, иако бележи благ пад, пред Финска и Сингапур. Во топ 10 се уште Нов Зеланд, Норвешка, Шведска, Швајцарија, Луксембург, Холандија и Германија, претежно западноевропските земји.

Од другата страна на листата се Јужен Судан, Сомалија, Венецуела, Јемен, Либија и Еритреја, држави во кои корупцијата е длабоко вградена во политичкиот и институционалниот систем.

Транспаренси интернешнл потсетува дека поените се поважни од позицијата, бидејќи тие ја мерат реалната перцепција за корупцијата, а не релативното место на листата. Глобалниот просек падна на 42 поени, а повеќе од две третини од земјите во светот се под границата од 50 поени.

Во тој контекст, македонските 40 поени не се само статистика, туку јасен сигнал дека антикорупциските политики не даваат резултат. Додека другите паѓаат или стагнираат, Македонија останува на истата точка – без вистински напредок, но и без простор за самозадоволство.

Извор: Пари.мк

Корупција Македонија поени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.