НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Источен Медитеран во оган

0
By Mirjana on August 6, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако се погледне информативната мапа на одделот на НАСА за пожари во светот (FIRMS), ќе се воочи дека речиси и да нема континент кој не се соочува со огнена стихија. Што се однесува до Европа, најпогоден од пожари е источниот Медитеран, со акцент на Италија, на Шпанија, на Грција како и на Турција.

Секојдневните слики и информации што до скоро доаѓаа од Италија беа застрашувачки. Само во еден момент во јужниот дел на Италија имало 800 пожари за кои во најголем број се утврдило дека биле намерно потпалувани. Сето ова покрај што претставуваше и претставува оптоварување за противпожарните служби, им зададе работа на останатите логистички служби кои мораа да евакуираат неколку илјадници население, туристи, па дури и свештени лица, каков што беше случајот со пожарот во близина на Пескара, односно во паркот на природата „Пинета Данунциана“ со површина од 53 хектари.

Противпожарните служби изведоа стотици интервенции од кои најмногу на Сицилија, за која нема да се претера ако се каже дека е буквално„спржена“, потоа во Пулја, Калабрија, Лацио и во Кампања.

Грција веќе четврти ден води борба со пожарите. Сите граѓани добија СМС предупредување да избегнуваат акции кои можат да предизвикаат пожар. Десетина градови и села се евакуирани меѓу периферијата на Атина, па сè до островот Евиа и Пелопонез. Напорите на спасувачите се отежнати од силниот ветар и екстремно високата температура која деновиве достигна речиси до 47 степени целзиусови.

Повеќе од 150 пожари се распламтија во јужниот дел на Грција од вторникот до сега.

– Најтешкото допрва доаѓа зашто Грција е буре барут, шест региони се во црвено вклучувајќи го и регионот на Атика. Дополнителна загриженост предизвикуваат најавите за ветер од западен правец, изјави премиерот Мицотакис.

Властите на Евиа копаат ровови и сечат дрвја за огнот да не може да дојде до главниот град.

И пожарите во Турција траат безмалку десетина дена. Комбинацијата од силен ветар и екстремна горештина, не им одат во прилог на спасувачките и противпожарните екипи. Претседателот Ердоган вчера ја оквалификува состојбата дека е еднаква на закана од тероризам.

Најпогодени се туристичките региони Анталија и Мугла кои се ставени само делумно под контрола. Евакуирани се над десетици хотели, дел од туристите се транспортирани со бродови. Овие пожари се оценети за најстрашните во последната деценија.

И Шпанија и Португалија се зафатени од пожари. Информациите се исти насекаде, високи температури и ветрови и огнени стихии кои тешко се контролираат.

Според картата за итни случаи пак на Европската Унија, на која се претставени шумските пожари, големите и малите пожари што го зафатија целиот континент достигнуваат речиси до северниот дел на Русија и траат најмалку една недела. Но пожари има и во Канада, САД и Азија.

Европа пожари Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.