Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Историски брифинг за Крпач во јавното обвинителство

0
By Нова ТВ on September 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 30, 2016 09:59

Голем интерес и медиумско внимание доби вчерашната покана од Основното јавно обвинителство за брифинг со новинарите кој траеше долго и на кој што беа дозволени прашања. Прес-конференциите се реткост во ова обвинителство, а никој не можеше да се сети дали некогаш обвинителството ги поканилот на брифинг.

Темата беше истрагата за смртта на Коста Крпач, а од ОЈО рекоа дека брифингот нема никаква поврзаност со случајот Трезор кој го објави СЈО, туку дека новинарите се поканети поради големата заинтересираност за смртта на Крпач, но и можноста да се поставуваат прашања.

Во три групи, новинарите од повеќе редакции со лифт стигнаа до осмиот кат од грандиозната барокна зграда на Државното обвинителство. На крај завршија во тесна соба со наредени столови во неколку реда.

Портпаролките на ОЈО и една од обвинителките задоволно се насмевнаа што тесната сала успеа да ги собере новинарите.

Беше понудено и самопослужување со кафе, чај и вода.

Додека новинарите правеа кафе со топла вода, портпаролките забележаа дека можеби вакви средби треба почесто да се организираат.

Брифингот го водеа жени

И почна брифингот. Обвинителката Гешковска придружувана од три портпаролки веднаш се пожали за некооперативноста на Специјалното обвинителство. Не можеше, а да не се забележи дека стратегијата на СЈО со жените-обвинители под рефлекторот го инспирарала и шефот на Државнот обвинителство, Марко Зврлевски.

Државното обвинителство барало СЈО да достави делови од записникот од сведочењето на Коста Крпач, во делот на информациите кој му се заканувал и како.

-Остануваат недоречени работи, призна обвинителката и ги повика „на разум“ од СЈО за нивните барања.

Гешковска кажа дека досега СЈО дале одредени податоци за случајот со Крпач. Дел биле проверливи, дел непроверливи.

Следуваше вториот напад врз СЈО. Обвинителката Гешковска обелодени дека клучен пресврт во однесувањето на Крпач се случил по претресот во неговиот дом од страна на СЈО. Ден потоа, тој се појавил во Обвинителството да сведочи.

Непокорниот мобилен на Коста Крпач

Досегашната истрага  дефинитивно го убедила Обвинителството дека станува збор за самоубиство. Сега се истражува дали некој сторил кривично дело за наведување на убиство.

Докажано е дека револверот со кој Крпач пукал бил негов и поседувал дозвола, но обвинителството уште не знае колку куршуми испукал и како точно се случило самоубиството. Биле испрашани и 19 сведоци, но имињата остануваат тајна.

Како што споделуваше детали Гошевска, така новинарските пера неуморно запишуваа. Пукна смеа меѓу новинарите кога обвинителката рече дека не е извршело вештачење на мобилниот на Коста Крпач, бидејќи не можеле да го пробијат пасвордот.

-Што мобилен ќе беше, прокоментира еден од новинарите.

Мобилниот модел „Сони“ не успеал ниту еден домашен експерт да го декодира за да може ОЈО да види со кого Крпач комуницирал

Обвинителката се предомисли за искажан став

Обвинителката Гешковска во излагањето пред новинари барајќи го Записникот од СЈО посочи дека мора да го имаат „доколку“ Крпач сведочел. На новинарско прашање дали тие имаат сомнеж за тоа дали воопшто тој сведочел во СЈО, Гошевска се корегираше дека убедена е дека тој бил сведок, како што соопшти и СЈО.

Новинарите, главно од критичките медиуми љубопитно прашуваа, што изјавила сопругата на Крпач, дали исказ дал неговиот доктор, во која болница бил Крпач претходно,  дали бил следен од некого. Одговор немаше поради тајноста на постапката, а за тоа како се случило точно самоубиството ветија дека ќе обелоеднат дополнително.

По околу еден час брифинг, новинарите, повторно во групи со лифт го напуштија Обвинителството. Коментарите потоа беа дека е ова е историски брифинг, бидејќи Обвинителството за првпат по неколку години организира средба со новинари од ваков тип.

 

 

 

 

 

ЈО Коста Крпач СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.