Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Историски ден за Македонија: Во Брисел започнуваат преговорите за членство во ЕУ 

0
By Соња Крамарска on July 19, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По 17 години кандидатски статус Република Северна Македонија денеска на 19 јули 2022 година во Брисел ги започнува преговорите за полноправно членство во Европската Унија, објави утрово Владата.

Започнувањето на преговорите ќе биде означено со одржување на првата меѓувладина конференција закажана за во 9:30 часот во Советот на ЕУ, на која како предводник на македонската делегација ќе говори шефот на Владата Димитар Ковачевски.

Веднаш по меѓувладината конференција е планирана и прес-конференција во 11:00 на Ковачевски и владиниот тим.

Според агендата денеска пред одржувањето на меѓувладината конференција, Ковачевски и албанскиот премиер Еди Рама ќе се сретнат со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот на Чешка, Петр Фиала како претставник од чешкото претседателство.

Во рамките на историската посета на Брисел за денеска попладне е најавено и започнувањето на скринингот за Македонија и работен ручек на Ковачевски со еврокомесарот за проширување и добрососедски политики Оливер Вархеји, на кој ќе присуствуваат и двете делегации.

Како дел од официјалната владина делегација во Брисел отпатуваа и Артан Груби, Бојан Маричиќ, Бујар Османи, Оливер Спасовски, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Адмирим Алити и други високи претставници на Владата кои се придружувани од амбасадорката Агнеза Руси Поповска, шеф на Мисијата при ЕУ. (С.К.)

Брисел ЕУ Македонија почеток на преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.