Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрага на СЈО за „Скопје 2014“ откако ќе утврди каде завршиле парите

0
By Нова ТВ on June 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека не ги анализираме сите документи и не утврдиме каде завршиле буџетски пари, кај кои физички или правни лица се одлеале,  дали се тие во Република Македонија или надвор и кој ги користи, нема да отвориме истрага за одредени лица кои се директно инволивирани во проектот „Скопје 2014“, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева.

На конференцијата „Заробена држава – илустрирана преку случајот – изградба на проектот ’Скопје 2014’“, која денеска ја органиизраше Транспаренси Интернешнл-Македонија, Јанева рече дека  во моментот кога СЈО ќе смета дека има доволно основано сомневање за сторени кривични дела од физички или правни лица, ќе ја отворат истрагата затоа што, рече,  работат на анализа на докази и материјали што ги собираат на законит начин.

СЈО повеќе од две години води предистражна постапка за „Скопје 2014“, а индиции за него биле телефонски разговори и начинот на кој се градел. Собираат, рече Јанева, документи за патот на парите од Буџетот на РМ и собрале голем број материјали за фасади, споменици и згради и за разни одлуки на Владата за овој проект. Но проблем е архивирањето и начинот на селектирање на документите што требало да се чуваат.

– Најголем проблем имаме во Општина Центар која документите за јавни набаваки за разни објекти и споменици од „Скопје 2014“ не ги селектирала и тоа ни прави голем проблем. Голем број од нив се предадени во Архивот на РМ, па се вратени во Општина Центар,  па не се знае каде се наоѓаат. Во последен период најдовме огромен број материјали кои биле складирани во Архивот на РМ непопишани. Сега ги зедовме во наша сопственост и во моментов ги анализираме, рече специјалната обвинителка.

Бидејќи е во предистрага, таа не изнесе детали за „Скопје 2014“, но рече се работи за проект почнат уште во 2007 и реализиран на   „суптилен и организиран начин“ и се уште, како што рече, има последици од одлуките што ги носеле  институциите.

– Можам само да кажам дека одлуките на највисоко ниво, во Владата на РМ, за еден таков проект видлив во главниот град, се донесувале под точка разно, а не под точка што се донесува. Многу грижливо внимавале структурите на власта како да не дојде до транспарентно информирање на граѓаните што навистина се гради. Се работи за организирана операција која знаела која е целта – да се изградат огромен број објекти и споменици за кои немало план и програма, туку се граделе според политичка програма на една политичка партија, рече Јанева.

Додаде дека корисни за СЈО би биле извештаите на Државниот завод за ревизија но дека тие биле маргинализирани,  а истото во однос на донесување на одлуките, рече таа,се случувало и во Собранието.

истрага СЈО Скопје 2014
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.