Тетовската полиција започна истрага за откривање кој стои зад истрелите од огнено оружје врз теолошкото училиште во градот при што се оштетени при што се оштетени прозорци од објект. Случајот е пријавен утринава, а според пријавителите пукањето и оштетувањето се случило ноќта помеѓу неделата и понеделникот.
– Денеска во СВР Тетово е пријавено дека изминатата ноќ (19/20 септември) засега непознат сторител(и) со истрели од огнено оружје оштетил неколку прозорци на објектот на средното теолошко училиште – Медреса Иса Беу на улица „Пробиштипска“ во Тетово. Оштетени се прозорци на првиот и погорните катови, односно светларници.
При увидот на припадници на СВР Тетово се пронајдени, фотодокументирани и подигнати за вештачење се неколку проектили и чаури.