Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрага под закана

0
By Zoran Ivanov on March 24, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 24, 2025 12:12

Ситуацијата каде предметот се третира како континуирано прекршување на законите и непостапување во период од 10-тина години, на завршени мандати на избрани и именувани функционери; а не на прекршување на законите во реално време; упатува на (не)слободата со која сите надлежни инстутуции се принудени, поради објективните околности на “закана” по нивните функции и уставна поставеност, да постапуваат. Во клинч помеѓу “очекувањата” на партиско/партократскиот наратив за “виновниците” и бесот и гневот на јавноста од децениското флагрантно изигрување на законите – “сите се криви”.

 Никица Корубин

Пред само една недела, пред големата трагедија во Кочани, јавниот дискурс и реторика беше драстично различен. Советот на јавни обвинители во таа кобна недела, требаше да ја разгледува одлуката на владата за разрешување на државниот јавен обвинител, кој сега ја води истрагата за настанот во Кочани. Членовите на Судскиот совет, кој инаку ги избира сите судии во различни степени, се подготвуваа за протестите на извршната власт против нив, после интерпелацијата на 5 нивни членови, од страна на законодавната власт, без законска и уставна поткрепа.

Уставниот суд се подготвуваше за Подготвителната седница за дискусија за инцијативите за укинување на Законот за употребата на јазиците во целост или одделни негови делови, со кое се загрозува директно еден од столбовите на државата – Охридскиот договор. Во ваква тензична атмосфера, една од трите власти “судската” и целата правосудна фела ја “дочека” трагедијата во Кочани.

Во состојба на веќе длабоко нарушена доверба на граѓаните во институциите, имаме апсурдна ситуација, на нарушена доверба на властите во сопствените институции со кои тие управуваат – законодавната и извршната власт – и онаа со која не смеат да управуваат – судската власт. Па, оттаму логично е прашањето, каков исход за случувањата во Кочани: од истрага на обвинител кој треба(ше) да биде сменет, до предмет кој ќе се води пред судии, чиј избор се компромитира и таргетира преку интервенцијата и “упадот” во судскиот совет; може да се очекува?

Дали сме сигурни дека јавниот обвинител ќе работи објективно и непристрасно со “заканата” за негова смена? Дали е тоа конструктивна, солидарна и добра атмосфера за водење на исклучително сложен и чувствителен предмет? Дали сме сигурни дека судиите во процесот кој е во тек и кој следи, ќе судат според доказите и совеста, а не според можната компромитација за “подобност и лукративност”? Дали сме сигурни дека нема да има никаков притисок, за постапување по мерка на “наративот”, а не по мерка на вистината?

Ситуацијата каде предметот се третира како континуирано прекршување на законите и непостапување во период од 10-тина години, на завршени мандати на избрани и именувани функционери; а не на прекршување на законите во реално време; упатува на (не)слободата со која сите надлежни инстутуции се принудени, поради објективните околности на “закана” по нивните функции и уставна поставеност, да постапуваат.

Во клинч помеѓу “очекувањата” на партиско/партократскиот наратив за “виновниците” и бесот и гневот на јавноста од децениското флагрантно изигрување на законите – “сите се криви”.

Ама, вистинското право не познава емоции, туку факти. А, за да се дојде до фактите, потребна е атмосфера на слобода, доверба и јасна надлежност. Атмосфера на функционална институционалност, а не пропагандна реторика. И затоа за да се овозможи создавање на минимални услови, за водење на објективна и издржана истрага, потребно е извршната власт да ја поништи одлуката за разрешување на јавниот обвинител и да се повлече од притисокот кон судскиот совет.

А, законодавната власт, конечно да ја закаже седницата за уставните измени и да ја деблокира државата од добивање на идентична правна помош, со квалитет и интензитет како што беше и е медицинската помош од многу земји на ЕУ.

Правдата е тешка, ама вистината е доблесна. Очајната потреба за малку нормалност, секогаш доаѓа од организирани и функционални системи како ЕУ, какви што до сега моравме да бидеме. А, тоа “прочистување” на системот за кои сите сега зборуваат, е можно само и исклучиво преку механизмот на преговори со ЕУ. Инаку, сите сме под “закана”, од незнаењето и намерата. Или нечија воља, чии дела конечно треба да ги следат (напразно) изречените зборови.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

 

истрага колумна Кочани Никица Корубин Трагедија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.