Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: Инспекторите повеќе ги штитат моќниците отколку јавниот интерес

0
By Нова ТВ on June 14, 2020 ВЕСТИ
Фото: nvoinfocentar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Над четириесет проценти од граѓаните сметаат дека инспекторите во својата работа зависат од градоначалниците. Речиси исто толку граѓани сметаат дека општинските инспектори не се професионални и ефикасни, како и дека наместо да ги штитат граѓаните и јавниот интерес, ги штитат интересите на политичките и бизнис моќници.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење за искуствата и перцепцијата на граѓаните за работата на општинските инспекциски служби спроведено од НВО Инфоцентарот, преку телефонска анкета од 12 до 18 мај 2020 година, на национален репрезентативен примерок од 1.003 испитаници, а во рамки на проектот „Граѓански мониторинг врз инспекциските служби на локално ниво“, поддржан од Амбасадата на САД.

„Над четириесет проценти од граѓаните (42%) сметаат дека инспекторите во својата работа зависат од волјата на градоначалниците. Жителите на скопскиот регион (55%), луѓето со високо образование (51%) и оние на возраст од 35 до 44 години (48%), се најголеми застапници на тезата дека инспекторите се зависни од волјата на градоначалниците. Речиси четири од 10 граѓани (39%) сметаат дека локалните инспектори ги штитат интересите на политичките и бизнис моќници, а нешто помалу од една третина (31%) сметаат дека локалните инспектори се ефикасни и професионални во заштитата на граѓаните и на јавниот интерес“, стои во истражувањето.

Недовербата кон институциите кои треба да ги штитат граѓаните и јавниот интерес, се наведува, е се уште голема и тоа го покажува и оваа анкета според која само 7,5 отсто од граѓаните изјавиле дека тие или некој нивен близок пријавиле проблем кај надлежниот општински инспектор. Уште повеќе загрижува податокот дека дури 60 отсто од граѓаните кои пријавиле проблем не се задоволни од постапувањето на општинските инспектори.

Што се однесува до начините на кои граѓаните пријавиле проблем, најчесто тоа го правеле преку интернет-страницата на општината (53%), по телефон (33%) и лично кај инспекторот (31%).

Кога станува збор, пак, за најголемите проблеми со кои секојдневно се соочуваат на локално ниво, граѓаните ги посочиле: јавната чистота, ѓубрето и шутот (19%), бучавата, загадувањето на воздухот и на животната средина воопшто (11%), одржувањето на улиците, тротоарите и патеките (9%), недостигот од паркинг места (9%), водоснабдувањето (5%), издавањето градежни дозволи (3%), како и наплатата на даноци и други јавни давачки (1%).

Жителите на Скопскиот, а потоа на Полошкиот и на Југоисточниот регион најмногу посочувале на проблемите со кои се соочуваат. За 28,6 отсто од испитаниците во Скопскиот регион, најголем проблем претставува управувањето со ѓубрето, шутот и воопшто јавната чистота. Бучавата и загадениот воздух се голем проблем за 18,5 отсто, а за 15,7 отсто од жителите на општините во Скопскиот регион голем проблем претставува и недоволниот број паркинзи, се наведува во анкетата.

граѓани доверба Инспекции истражување Македонија НВО инфоцентар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.