Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: Странски инвестиции или грабеж на македонските граѓани

0
By Нова ТВ on December 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 2007-2015 се потрошени вкупно 159 милиони евра за привлекување или поддршка на странски директни инвестиции во Македонија, што е значајно поголема сума од платите кои овие фирми ги исплатиле 92,1 милиони евра. Така, може да се заклучи дека парите на македонските даночни обврзници завршуваат како добивка на странските фирми. Ова е дел од анализата на професорот Бранимир Јовановиќ од Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје, кој прави проценка на трошоците, на ефектите од овие политики и на работните услови и работничките права во странските фирми кои добиле државна помош.

Во продолжение прочитајте го истражувањето „ВИСТИНСКАТА ЦЕНА НА ЕВТИНАТА РАБОТНА СИЛА“

Во периодот 2007-2015 година, Македонија имаше пет министри задолжени за привлекување на странски инвестиции. Земјата се рекламираше на разни познати светски медиуми, се организираа шеесетина роуд-шоуа низ триесетина земји, беа ангажирани триесетина економски промотори низ светот, се отвори посебна Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, се отворија петнаесет технолошко-индустриски развојни зони.

Странските фирми кои инвестираа во Македонија беа ослободувани од даноци, царини и комунални трошоци; им беа покривани трошоците за градење објект во вредност до 500.000 евра; им беа покривани трошоците за образование на работниците во износ до 50% од трошоците; добиваа директни грантови од страна на државата во износ до 70% од вредноста на инвестицијата или 70% од платата за новите вработени за период од 2 години.

Трошоци

Заради нетранспарентност на државните институции во поглед на средствата кои се издвојуваат за овие политики, трошоците се проценети преку расходите од Буџетот на Република Македонија кои се прават во рамки на владината програма „Д – Економски развој“, преку три институции – Владата, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Наодите се дека во 2007-2015, се потрошени вкупно 159 милиони евра за привлекување или поддршка на странските директни инвестиции.

Ефекти

Анализирани се следните 25 фирми кои имаат добиено државна помош: Џонсон Мети, Дрекслмајер, Кромберг & Шуберт, Џонсон Контролс, Ван Хоол, Ки Сејфти Систем, Техникал Текстајлс, Гентерм, Леар, ОДВ електрик, Вистеон Електроникс, Кондево, Кемет електроникс, АРЦ аутомотив, Костал, Макдиа, Кранфилд Фаундри, Јуроп Шок Абсорберс, М Скуаре, Истем медикал, Антхура, Стартек, Ендава, Маркарт, СМР аутомотивс систем.

Бројот на вработени во овие 25 фирми во 2015 година изнесува 12.600 лица. Околу три четвртини од нив се вработени во три фирми – Дрекслмајер (5730), Кромберг и Шуберт (2265) и Џонсон Контролс (1773). Следуваат Ван Хоол (668) и Џонсон Мети (613).

Кога средствата кои државата ги исплатила за поддршка на странските фирми (159 милиони евра) ќе се подели со вкупниот број на вработени (12600), се добива дека државата издвојува околу 12580 евра за едно работно место.

Просечната плата во фирмите во 2015 година изнесува 261 евро, што е значајно пониско од државниот просек од 360 евра. Просечната плата во 2015 е на слично ниво како и претходните две години. Платата е највисока во Џонсон Мети (517 евра). Потоа следуваат Ки сејфти системс, Ендава, Маркарт и Кемет електроникс, со просечна плата во распонот 440-473 евра. Натпросечни плати имаат уште Ван Хоол (409 евра) и Вистеон Електроникс (373 евра). Најниски се платите токму во трите фирми кои вработуваат најголем број на работници. Кромберг & Шуберт, има просечна плата од 239 евра, Дрекслмајер од 235 евра а Џонсон Контролс од 200 евра.

Вкупниот износ на исплатени плати во периодот 2007-2015 изнесува 92,1 милион евро. Најмногу плати исплатил Дрекслмајер (32.6 милиони евра, па Џонсон Мети (13.1 милион евра), па Кромберг & Шуберт (12.5 милиони евра). Следуваат Вистеон (10.5), Џонсон Контролс (10.3) и Ван Хоол (6.5)

За целиот анализиран период, фирмите оствариле нето добивка од вкупно 235 милиони евра, што е два и пол пати повеќе од платите кои ги исплатиле. Најголема добивка остварила Џонсон Мети (227 милиони евра), на второ место е Ван Хоол (10,3 милиони евра). Следуваат Дрекслмајер (5,3 милиони), Џонсон Контролс (2,9 милиони) и Кромберг & Шуберт (1,9 милиони). Споредба на трошоците и ефектите

Со оглед на тоа што средствата кои државата ги исплатила за привлекување и поддршка на странските инвестиции (159 милиони евра) се значајно повисоки од платите кои овие фирми ги исплатиле (92,1 милион евро), може да се заклучи дека државата директно генерира дел од нето добивката на овие фирми. Со други зборови, парите на македонските даночни обврзници завршуваат како добивка на странските фирми.

Работни услови и работнички права

Работните услови и работничките права се анализирани преку интервјуа со вработени во петте најзначајни странски фирми (Дрекселмајер, Кромберг & Шуберт, Џонсон Контролс, Џонсон Мети и Ван Хоол). Овие пет фирми генерираат околу 90% од вработувањата, платите и добивката на сите странски фирми. Сите анализирани фирми вработуваат со договори на определено време, што генерира страв од губење на работата кај работниците, што потоа има дисциплинирачки ефект врз нив.

Работниците сметаат дека работата е тешка, дека нормите се високи и дека платата не е сразмерна на трудот. Во ниедна од фирмите нема синдикат и работниците сметаат дека работодавачите ќе санкционираат обиди за синдикално организирање. Во една фирма има пример кога работници биле избркани од работа заради прекин на работата заради неисплатени плати.

Во сите анализирани фирми се забележани примери на кршење на одредени работнички права. Најчести примери на кршење права се мобингот, неплаќањето на работата за време на викенди, наметнување да се работи за време на викенди или празници и неможноста да се користи ден од одмор. Присутни се и примери на ограничување на слободата на говор, на ограничување на слободата за извршување на одредени физиолошки потреби и на неинформирање на работниците за одредени здравствени ризици.

Во повеќето фирми работниците изјавиле дека има примери за повреди на работното место, а во една дури и смртен случај. Работниците укажуваат и на потфрлање на државните институции задолжени за заштита на работничките права, т.е. на Државниот инспекторат за труд и на судовите.

Препораки

Прво, треба да се прекине со политиките на издвојување огромни државни средства за привлекување на странски инвеститори. Со овие политики парите на македонските даночни обврзници завршуваат како добивка на странските фирми, кои потоа ги кршат работничките права и несоодветно ги третираат работниците.

Второ, треба да се промени законската регулатива во насока на поголема заштита на работниците. Треба да се скрати максималниот период на вработување со договори на определено време, кој сега изнесува 5 години, за да се намали стравот од губење на работното место. Треба и да се укинат рестриктивните одредби за организирање на штрајк и да се олесни синдикалното регистрирање и работење.

Трето, треба да се зголеми фунционалноста и професионалноста на државните институциите задолжени за заштита на работничките права, пред сè на државниот инспекторат за труд и на судовите, затоа што се присутни примери на нивно целосно потфрлање.

Четврто, треба да се зголеми социјалната сигурност, преку покачување на социјалната помош или воведување на гарантиран приход, за да се намали трошокот од губење на работата.

истражување работнички права странски известиции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.