Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: Традиционалните методи на настава мора да се сменат

0
By Нова ТВ on September 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истражувањето граѓанската организација „Finance think“ покажува дека наставниците кои користат методи на дискусии и дебати имаат ученици со повисоки достигнувања.

Констатацијата од истражувањето насловено како „Петки во дневник – Единици на ПИСА: Пет приоритети за подобрување на квалитетот на основното образование“ е дека во Македонија се уште се доминантни традиционалните методи на настави каде наставникот е пренесувач на знаењето, а  ученикот е пасивен примател и според експертите тука треба да се бараат причините за слабите оценки на тестирањето на ПИСА.

Според Ана Мицковска-Ралева од Центарот за истражување и креирање политики која е дел од истражувачкиот тим, анализата на ПИСА резултатите покажуваат дека мотивацијата на учениците е инструментална, дека тие најчето учат да се постигне добра оценка и да се задоволат родителите, а не се учи заради знаење. Наставниците, вели таа се чуствуваат недоволно консултирани во реформите во образованието како и недоволно подготвени за тие промени.

Препораките кои денеска се презентираат од истражувањето се поклопуваат со плановите и програмата на Владата на РМ за реформите во  образованието, рече министерката за образование и наука Рената Тренеска-Десковска, додавајќи дека е задоволна што граѓанските сектор е оној кој што ги нуди издржаните и стручни анализи, креативните предлози и професионалниот пристап кон решавање на проблемите.

-Загрижена сум заради слабите постигнувања во континуитет на меѓународните тестирања и досегашното непреземање на активности за подобрување на аспектите коишто се заслужни за ваквите слаби резултати кои треба да бидат тема на сериозен пристап. Македонија досега учествувала на повеќе меѓународни мерења со кои се утврдува каде е образованието во нашата земја и каков е образовбниот процес наспроти другите држави кои имаат поголеми постигнувања како и кои се факторите кои влијаат врз постигнувањето на учениците. Резултатите на учениците од овие истражувања во Македонија беа под просекот, рече Тренеска-Десковска.

Таа и денеска најави системски промени во образовниот процес преку измена на законите и подзаконските акти.

Во првиот дел рече дека веќе се интервенирало во зголемување на буџетот за 2018 година. Многу од работите коишто треба да се променат, според неа, се однесуваат на мотивацијата на учениците и наставниците, на креативноста во работата и учењето, на инцијативота на инклузивноста на следење на современите трендови во настава и користење на современи методи. Министерката Тренеска-Десковска додаде дека за овие работи не треба промена на закон туку треба промена на односот и на менталниот склоп.

Амбасадорот на Велика Британија во Македонија Чарлс Гарет истакна дека ја подржува ваквата дебата за која рече дека ќе помогне во националната стратегија за подобрување на основното образование во Македонија. Според него студијата за квалитетот на образованието ќе биде клучот во областите кадешто треба да има подобрување во развојот на улилишните програми, мотивацијата, учењето и соработката на доусовршување.

истражување методи на настава Рената Десковска Фајнанс тинк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.