Три четвртини од британските компании не се подготвени за Брегзит, се нагласува во истражувањето на Институтот ИоД (Institute of Directors). Половина од речиси 1.000 анкетирани шефови на деловни активности велат дека не можат да се подготват во моментот меѓу нарушувањето што е предизвикано од пандемијата на Ковид-19 и потребата за детален излез на Велика Британија од ЕУ до крајот на периодот на транзиција во декември.
Една четвртина велат дека се подготвени и тоа се претежно фирми во финансискиот сектор. „ИоД“ повикува на „прогресивно спроведување во корист на сите“ на промените што ќе произлезат од Брегзит и „помош за малите и средни фирми да имаат пристап до професионалци“ и подобро да се подготват.