Вчера на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја, јужнокорејските војници испукале 20 предупредувачки куршуми кон севернокорејските стражари кои се приближиле до границата на демилитаризираната зона во потрага по војник што побегнал.
Војникот ја поминал демилитаризираната зона и „излегол“ од густата магла на контролниот пункт, објави јужнокорејската армија.
„Нашата војска се погрижи за неговата безбедност, а агенциите ќе спроведат испитување за да ги дознаат основите и мотивите за неговото бегство“, изјавил Ро Је Чон, портпарол на Генералштабот на Јужна Кореја.
За кратко откако преминал, група гранични стражари од државата на Ким Јонг Ун се доближиле до границата во потрага по војникот, по што откако биле забележани, јужнокорејските војници испукале околу 20 куршуми.
Властите велат дека по 40 минути се слушнале истрели од Северна Кореја, но дека куршумите не ја преминале границата.
Ова четврти случај каде севернокорејски војник побегнал во Јужна Кореја годинава.