Одзивот на референдумот за уставните реформи во Италија до 19:00 часот достигна речиси 58 проценти, пренесе агенцијата ТАСС. Ваков резултат покажуваат бројките по обработка на податоците од избирачките места, соопшти Министерството за внатрешни работи, што ја врши улогата на изборна комисија.
Најактивно гласаат граѓаните во северните области на земјата, забележува агенцијата АНСА. Излезноста е многу повисока во однос на претходните избори, кога во јуни Италијанците гласаа за општинските власти.
Интересот на избирачите се објаснува делумно со напнатата кампања пред референдумот и со фактот дека резултатот од гласањето може да ја одреди иднината на владата на Матео Рензо.
За валидноста на референдумот не се бара определен кворум и резултатите ќе бидат почитуваат независно од одѕивот.