Лацио е нов сопственик на титулата во италијанскиот Суперкуп. Римските „небесно-сини“, во мечот на „Олимпико“, го совладаа Јувентус со 3:2 со погодокот на Алесандро Мурџа во третата минута од судиското продолжение.
https://www.youtube.com/watch?v=F58nNWzdff8
Со двата гола на Чиро Имобиле во 32 минута од пенал и во 54., лацијалите водеа со 2:0, но „старата дама“, сепак, успеа да израмни преку Пауло Дибала во финишот (85 минута и во 91. од белата точка). Само две минути подоцна Буфон беше принуден и по третпат да ја вади топката од мрежа, а италијанскиот шампион да го предаде тронот.