Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италијанските медиуми со најава: Гасперини ја презема Рома

0
By Нова ТВ on May 16, 2019 СПОРТ
Фото: itasportpress.it
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рома, се чини, ја пополни тренерската позиција за наредната сезона. Според италијанките медиуми, кормилото на „волчицата“ во летниот период ќе биде доверено на Џанпјеро Гасперини, актуелниот тренер на Аталанта. Двете страни, наводно, постигнале договор за соработка за наредните три години со плата од 2,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Италијанскииот менаџер во минатото заврши одлична работа во Бергамо што кулминира со пласман во финалето во Купот на Италија во оваа сезона. Лацио ја освои титулата по триумфот со 2:0 на „Олимпико“, но Аталанта е во позиција да обезбеди и учество во Лигата на шампиони. На две кола до крај на сезоната во Серија А, екипата е четврта на табелата со 65 бода, еден помалку од Интер на третото место. Во недела ја очекува гостување кај Јувентус, а последниот настап ќе биде на домашен терен против Сасуоло.

Рома со Гасперини сака да започне нова ера и уште повеќе да се посвети на младите играчи. Оваа сезона „волчицата“ ја почна со Еузебио ди Франческо кој пролетва доби отказ поради променливите игри и резултати во калчолигата и како привремено решение беше назначен Клаудио Раниери. Римјаните го завршија настапот во Лигата на шампиони во осминафиналето со елиминација од Порто, а по завршување на тековното првенство во Италија ќе останат и без Даниеле де Роси кој нема да добие нов договор со клубот.

Рома Тренер фудбал Џанпјеро Гасперини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.