Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сојуз на стопански комори бара итно активирање на стоковите резерви

0
By НОВА ТВ Balaban on June 2, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 2, 2022 13:00

Имаме сознанија дека во моментов во општините за добивање на дозвола за поставување на сончеви колектори се чека од 60 до 90 дена. Нашиот предлог е да се воспостави рок од 7 – 10 дена за добивање на дозвола, истакна Ангелоски

Во однос на цените на основните прехранбени производи, повторно го истакнуваме барањето за активирање на стоковите резерви. Исто така мора да се влијае на поттикнување на домашно производство на храна, рече денеска Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори.

Тој нагласи дека „бизнисите се наоѓаат под голем притисок кој мора да се намали со мерки за поддршка кои ќе овозможат задржување на деловната активност и на работните места“.

– Факт е дека зголемување на цените е глобален тренд на кој тешко може да влијаеме, но она што може да се направи е да ја намалиме зависноста од увоз на храна и на енергенси, истакнува Ангелоски.

Во однос на намалување на ударот од зголемување на цените на енергенсите тој ја нагласува потребата за активирање на сите домашни капацитетите за производство на електрична енергија, како и за поттикнување на користење на обновливи извори на енергија.

„Но за да може деловните субјекти да ги користат обновливите извори на енергија, односно тоа веднаш да им биде алтернатива за скапата електрична енергија, мора да се олеснат процедурите за вадење на дозволи. Ако инвестирате во обновливи извори и инвестицијата ќе ја вратите за три до четири години, а ако платите високи сметки, ништо да не добиете. Има многу површини на кои може да се инсталираат уредите, достапни се на пазарот, многу компании навлегоа во нивна монтажа и поставување, но бирократските процедури се навистина непотребни. Затоа бараме се што е бирократска процедура да се симплифицира и тоа веднаш да се стори. Во оваа криза така најадекватно сите што можат да инвестираат, ќе се заштитат од ценовните шокови. Имаме сознанија дека во моментов во општините за добивање на дозвола за поставување на сончеви колектори се чека од 60 до 90 дена. Нашиот предлог е да се воспостави рок од 7 – 10 дена за добивање на дозвола“, истакна Ангелоски, информираа од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Во одговор на новинарско прашање, тој изрази дека очекувањата на реалниот сектор биле постепено да се оди на враќање на акцизата на горивата на повисокото ниво, а не наеднаш како што тоа се случи и предизвика нов бран на зголемување на цените.

Како други нефинансиски мерки кои иако нема да преставуваат директна поддршка за компаниите, сепак ќе ги подобрат услови на деловното окружување е итно да започне процес на укинување на парафискалните давачки, активност кој непотребно се одложува подолго време  како и да се  засилат мерките за сузбивање на сивата економија која има сериозни димензии и преставува дополнителна пречка за одржување на регистрираните бизниси.

„Како проблем ги нотираме и договорите за јавни набавки кои се потпишани со државните институции, а чија реализација е отежната поради општиот тренд на растот на цените на суровините, транспортот, енергенси, работна сила. Го охрабруваме Биро за јавни набавки адекватно и навремено да постапува по сите барања за ревидирање на овие договори согласно постоечката правна регулатива“, истакнува Ангелоски.

Тој изрази и мислење дека на светските берзи се стабилизираат цените на трите групи на производи кои беа најмногу подложни за зголемување, металите, прехранбените производи и енергенсите, но сепак многу е неизвесно дали таа стабилност ќе се одржи на долгорочно ниво.

 

активирање стоковите резерви Трајан Ангелоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.